Утре во Македонија ќе преовладува сончево и значително посвежо време со умерена локална облачност и со силен ветер од северен правец.
Во Скопје дневната температура ќе достигне до 18, а максималната дневна на југоисток до 22 степена.
Утре во Македонија ќе преовладува сончево и значително посвежо време со умерена локална облачност и со силен ветер од северен правец.
Во Скопје дневната температура ќе достигне до 18, а максималната дневна на југоисток до 22 степена.
132 заболени од хронична миелоична леукемија светскиот ден го одбележуваат со потребните лекови. Државата од април месец има решение за нивното здравје, останува само стравот дали трајно е надминат проблемот или само привремено. Оваа болест во развиените земји се смета за животно незагрозувачка.
На власт се политичари и нивни ученици, кои во ’90- тите нѐ убедуваа дека само да ја прифатиме времената референца ФИРОМ и државата ќе тргне на подобро, но тоа не се случи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во писмен допис владејачката СДСМ со став- Иванов е навикнат да им предизвикува проблеми на сопствените граѓани, дури и на оние кои го гласаа.
За трети октомври е одложено рочиштето за предметот „Тотал“ на Специјалното јавно обвинитеслтво, поради настаната промена на сопственичката структура на правното лице „Медијамакс“, кое заедно со новинарот Драган Павловиќ Латас и правните лица „Тотал маркетинг“ и „Тотал медиа центар“ се теретат за
Се предвидуваат зајакнати надлежности на Антикорупциската комисија, што ќе значат пристап до банкарските сметки на носителите на јавни функции како и во контролата на имотот, вели ресорната министерка.
Неколку дена пред референдумот, шефот на дипломатијата Димитров ги повтори главните членови од Договорот со Грција. Името на државата ќе биде Република Северна Македонија, идентитетот и јазикот македонски, државјанството македонско/ граѓанин на Република Северна Македонија.
Од утре температурите во Македонија ќе опаднат за 10 до 15 степени целзиусови, а од среда наутро утринските може да паднат и околу нулата, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Кривичниот суд Скопје денеска треба да продолжат судењата за три предмети на СЈО- „Титаник“, „Тенк“ и „Тотал“. Последното рочиште за „Титаник“ на 12-ти септември беше одложено поради болест на Мартин Протуѓер, кој е еден од обвинетите во овој предмет.
Сега е време вашите гласови да бидат слушнати. Ова е можност што се укажува еднаш во животот. Вратата на НАТО е отворена. Но, само граѓаните на вашата земја можат да одлучат да ја поминат. Затоа, вашата иднина е во вашите раце.