Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов од денеска ќе престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави, по повод учеството на 73-тата сесија на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк.
-
Македонија 20.09.2018 12:59
-
Македонија 20.09.2018 12:55
ДИК: Неопходни се два услова за успешен референдум
Половина од запишаните избирачи плус еден да излезат на гласање, и половина од излезените плус еден да гласаат „за“. Тоа се двата услова кои треба да бидат исполнети на претстојниот консултативен референдум на 30-ти септември, појаснија на денешниот брифинг од ДИК.
-
Македонија 20.09.2018 12:44
Средба Заев- Пенс во Вашингтон
Претстојниот референдум и напредокот на Македонија кон членството во НАТО, ова се очекува да бидат двете главни теми на разговор помеѓу македонскиот премиер Зоран Заев и американскиот потпретседател, Мајк Пенс во Вашингтон.
-
Македонија 20.09.2018 12:12
Фон дер Лаин: Убедена сум дека референдумот ќе биде успешен
Потврдена германската поддршка за македонските евроатлантски интеграции. Министерката за одбрана Фон дер Лаин изрази оптимизам за претстојниот референдум. Вели- убедена сум дека ќе биде успешен и дека земјава ќе се движи по вистинскиот пат.
-
Македонија 20.09.2018 11:13
МВР: Исчистен е станот во „Скопјанка“ од непријатната миризба
Станот во зградата во ТЦ „Скопјанка“ во Аеродром, од каде синоќа се ширеше непријатна миризба, е исчистен од екипа на комунална хигиена, информираа од МВР. Од страна на екипа на АРМ, со апаратура е констатирано дека се работи за амонијак од употребени пелени.
-
Македонија 20.09.2018 10:58
Во Кривичен суд рочишта за четири предмети на СЈО
Во Кривичниот суд во Скопје треба да се одржат рочишта за четири предмети на Специјалното јавно обвинителство- Тортура, Тенк- издвоена постапка за Гордана Јанкулоска, Титаник и Титаник 3.
-
Македонија 20.09.2018 10:49
Стејт департмент: Македонија соработува во антитерористичките напори
Македонија заедно со САД соработуваат во антитерористичкте напори и е челнка на Глобалната коалиција за пораз на Исламска држава – се вели во објавениот извештај на Стејт Департментот за тероризам и насилен екстремизам.
-
Македонија 20.09.2018 10:15
Заев во Вашингтон на средба со потпретседателот на САД, Мајк Пенс
Премиерот Зоран Заев денеска во Вашингтон ќе има средба со потпретседателот на САД, Мајк Пенс. Средбата ќе се реализира на покана на потпретседателот Пенс, а на неа ќе се разговара за напредокот на Република Македонија кон членството во НАТО, соопшти владината прес-служба.
-
Македонија 20.09.2018 09:51
Германската министерка за одбрана во посета на Македонија
Германската министерка за одбрана Урсула Фон Дер Лаин е во Скопје. Пред Министерството за одбрана беше пречекана со државни и воени почести.
Тет-а-тет средба со министерката за одбрана на Република Македонија, Радмила Шекеринска. На агендата и разговори на двете делегации.
-
Македонија 19.09.2018 16:54
Референдум ќе има, Уставен ја одби иницијативата
Седуммина од вкупно девет уставни судии не ја поддржаа иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на собранискта одлука за распишување на референдумот.









