Опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара намалување на цената на акцизата за дизелот и враќање на старата цена. Како што беше речено, тоа ќе значи намалување на трошоците за граѓаните.
-
Македонија 23.05.2018 15:58
-
Македонија 23.05.2018 14:57
Груевски осуден на двегодишна казна затвор
Две години затвор изрече првостепениот суд за поранешниот премиер Никола Груевски. Според пресудата, тој незаконски влијаел врз одговорниот за набавки во МВР да купи луксузен блиндиран мерцедес, вреден околу 600 илјади евра.
-
Македонија 23.05.2018 14:36
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија собраниската седница
По изрекување на пресудата за поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за случајот „Тенк“, пратениците од оваа партија ја напуштија 46-та пленарна седница. Засега нема официјална информација дали поради пресудата тие ја напуштија собраниската седница.
-
Македонија 23.05.2018 14:32
Предлозите за нови министри пратени до Собранието
Предлозите на Владата за нови министри се доставени до Собранието. Кандидат за министер за правда е досегашната министерка за образование и наука, Рената Десковска, додека пак за нејзиниот досегашен ресор предложен е Арбер Адеми.
-
Македонија 23.05.2018 13:43
Метео: Променливо облачно и нестабилно време
Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време на места со пороен дожд и грмежи.
Локално се очекуваат поинтензивни процеси. Максималната температура ќе достигне до 25 степени. Од петок следува период на постабилно и потопло време.
-
Македонија 23.05.2018 13:25
Случај „Тенк“: Две години затвор за Груевски, шест години и шест месеци за Поповски
Две години затвор за екс- премиерот Никола Груевски за примање награда и противзаконито влијание во случајот „Тенк“ за набавката на луксузниот Мерцедес, и шест години и шест месеци за поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски, за злоупотреба на службената должност и овластување.
-
Македонија 23.05.2018 13:22
Џафери- Гојковиќ: Местото на Македонија и Србија е во ЕУ
Местото на Македонија и Србија е во ЕУ, двете земји се подготвени да ги исполнат своите обврски за да станат дел од европското семејство- е заеднички став на претседателоте на Собранијата на Македонија и Србија- Талат Џафери и Маја Гојковиќ на нивната средба во Белград.
-
Македонија 23.05.2018 13:18
Бошњаковски: Ставот на Владата за името останува ист
Ставот на Владата во однос на последниот предлог за името е непроменет, а останува да причекаме за очекувања од утрешната средба меѓу министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас.
-
Македонија 23.05.2018 12:49
Владата ги прати до Собранието предлозите за нови министри и заменици
Портпаролот на Владата на Република Македонија, Миле Бошњаковски ги претстави предлозите за новите четири персонални решенија во составот на министрите, по проширувањето на владината коалиција, упатени до Собранието.
-
Македонија 23.05.2018 11:59
Честитка од премиерот Заев по повод Денот на Власите
Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, на сите припадници на влашката заедница во Република Македонија им го честита Националниот ден на Власите, 23 мај.









