Историјата на Охридската архиепископија одела заедно со историјата на нашиот народ. Слободата на архиепископијата била слобода и за народот. Како што тоа некогаш било, за жал така е и денес.
-
Македонија 27.05.2018 21:15
-
Македонија 25.05.2018 09:07
Во Њујорк продолжуваат разговорите за името
Во зградата на ОН во Њујорк денеска треба да продолжат разговорите за надминување на спорот за името на министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, со личниот пратеник на Генералниот секретар на Обединетите нации, медијаторот Метју Нимиц.
-
Македонија 25.05.2018 09:04
Премиерот Заев на аудиенција кај папата Франциск
Премиерот Зоран Заев денеска во рамки на посетата на Република Италија и на Светата Столица по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, ќе присуствува на аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск.
-
Македонија 23.05.2018 16:13
ВМРО-ДПМНЕ: Судот го спроведе тоа што Зоран Заев го напиша
Судот го спроведе тоа што го напиша Заев, видовме во живо како функционира политички суд и како се изрекуваат политички пресуди, реакција на опозициската ВМРО-ДПМНЕ по изрекувањето на пресудата за случајот со набавката на блиндираниот мерцедес.
-
Македонија 23.05.2018 15:58
Одбиен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара намалување на цената на акцизата за дизелот и враќање на старата цена. Како што беше речено, тоа ќе значи намалување на трошоците за граѓаните.
-
Македонија 23.05.2018 14:57
Груевски осуден на двегодишна казна затвор
Две години затвор изрече првостепениот суд за поранешниот премиер Никола Груевски. Според пресудата, тој незаконски влијаел врз одговорниот за набавки во МВР да купи луксузен блиндиран мерцедес, вреден околу 600 илјади евра.
-
Македонија 23.05.2018 14:36
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија собраниската седница
По изрекување на пресудата за поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за случајот „Тенк“, пратениците од оваа партија ја напуштија 46-та пленарна седница. Засега нема официјална информација дали поради пресудата тие ја напуштија собраниската седница.
-
Македонија 23.05.2018 14:32
Предлозите за нови министри пратени до Собранието
Предлозите на Владата за нови министри се доставени до Собранието. Кандидат за министер за правда е досегашната министерка за образование и наука, Рената Десковска, додека пак за нејзиниот досегашен ресор предложен е Арбер Адеми.
-
Македонија 23.05.2018 13:43
Метео: Променливо облачно и нестабилно време
Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време на места со пороен дожд и грмежи.
Локално се очекуваат поинтензивни процеси. Максималната температура ќе достигне до 25 степени. Од петок следува период на постабилно и потопло време.
-
Македонија 23.05.2018 13:25
Случај „Тенк“: Две години затвор за Груевски, шест години и шест месеци за Поповски
Две години затвор за екс- премиерот Никола Груевски за примање награда и противзаконито влијание во случајот „Тенк“ за набавката на луксузниот Мерцедес, и шест години и шест месеци за поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски, за злоупотреба на службената должност и овластување.







