Французите ја победија еврофобијата, но не и евроскептицизмот. Франција не е расположена за проширување на Европската унија, напротив ја сака малата Европа на 10 до 12 држави- истакна професорот и претседател на Европското движење на Франција, Ив Бертончини пред македонските пратеници.
-
Македонија 15.05.2018 15:41
-
Македонија 15.05.2018 15:28
Ново рочиште за случајот „Таргет- Тврдина“ на 19-ти јуни
На следното рочиште на 19-ти јуни, судот ќе решава по барањето на СЈО за раздвојување на постапката за обвинетите Грујевски и Бошкоски во случајот „Таргет- Тврдина“. Специјалното обвинителство смета дека предолго се одолговлекува процесот.
-
Македонија 15.05.2018 15:24
Завршни зборови во случајот „Поткуп“, обвинителката го преквалификува делото
Во Кривичниот суд, завршни зборови за случајот „Поткуп“, во кој е обвинет премиерот Заев. Обвинителката Бислимовска го преквалификува делото. Наместо за примање поткуп, реши Заев да го гони за кривичното дело барање поткуп, за што е предвидена затворска казна од една до пет години.
-
Македонија 15.05.2018 15:18
Метео: Сончево со умерена облачност
Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен правец.
Попладне е можна појава на краткотраен локален дожд особено во југоисточните делови.
-
Македонија 15.05.2018 15:03
ДПА влегува во Владата
ДПА ја прифати понудата на премиерот Заев за учество во Владата. Партијата добива едно министерско и едно заменичко место. Членовите на Централното собрание по денешната дискусија, решиле да се прифати понудата на Заев, ДПА да стане дел од владејачката коалиција.
-
Македонија 15.05.2018 15:00
Привремен состав на ДИК до средината на јуни, за шест месеци нов Изборен законик
Пратениците од владејачкато мнозинство и опозицијата, се усогласија за измените во Изборниот законик. ДИК ќе добие привремен состав. На есен ќе следува нов Изборен законик.
-
Македонија 15.05.2018 14:52
Заев: ДПА, БЕСА на Гаши и Сојузот на Ромите влегуваат во Владата
Владата се проширува со нови коалициски партнери. Постигнат договор за учество во извршната власт со крилото на БЕСА на Африм Гаши, со ДПА и со Сојузот на Ромите. Премиерот Заев истакна дека со ова ќе се зголеми и парламентарното мнозинство во Собранието.
-
Македонија 15.05.2018 13:15
Димитров за „Та Неа“: Се наоѓаме во многу чувствителна фаза
Во однос на разговорите за името со Грција, шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров за весникот „Та Неа“ вели дека се наоѓаме во многу чувствителна фаза во прашањето.
-
Македонија 15.05.2018 12:35
Продолжува судењето за обидот за убиство на Села, ќе сведочи Ѓорчев
На рочиштето за обид за убиство на лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села треба да сведочи пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев.
На претходните рочишта беа прикажани снимки од прес- центарот од безбедносните камери во Собранието и од камерите на медиумите.
-
Македонија 15.05.2018 11:36
ВМРО-ДПМНЕ: Штетните политики на СДСМ удираат по џебот на граѓаните
Штетните политики на СДСМ удираат по џебот на граѓаните. Покачувањето на акцизата на дизел горивата е директен удар врз најсиромашните, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.










