Државниот просветен инспекторат утврди дека нема повреда на Законот за основно образование со Бадникарските поворки. Оттаму велат дека е извршен надзор и добиле записници од 162 училишта од повеќе градови низ Македонија.
-
Македонија 11.01.2018 17:04
-
Македонија 11.01.2018 16:38
Седници во Апелација за поднесените жалби на притворите за Чавков, Дурловски, Пепиќ и Лазаров
Апсурдно е човек кој 30 години работи во полицијата и се грижи за безбедноста да биде вовлечен во обвинение за тероризам, изјави екс министер за внатрешни работи Митко Чавков на седницата во Апелацискиот суд кадешто се одлучува по неговата жалба за укинување на притворот.
-
Македонија 11.01.2018 16:06
Собранието го донесе Законот за употреба на јазиците
Со 69 гласа „за“, Собранието го донесе Законот за употреба на јазиците. Освен пратениците од парламентарното мнозинство на СДСМ и ДУИ, виза дадоа и народните избраници од БЕСА и од Алијансата на Албанците.
-
Македонија 11.01.2018 15:13
Консултации за името далеку од очите на јавноста
Непознато место, непознато време. Потврда само дека има средба. Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција разговараат за името.
-
Македонија 11.01.2018 15:05
Богоевски ги наклеветил Ахмети и Џафери во случајот „Маѓар телеком“
Основниот суд Скопје 2 ја прифати тужбата на Али Ахмети и Муса Џафери против поранешниот разузнавач Слободан Богоевски, дека ги наклеветил оти примиле мито од „Маѓар телеком“.
-
Македонија 11.01.2018 15:01
Истрагата за фалсификуваниот лек трае неколку месеци, одговорност сѐ уште нема
Неколку месеци трае истрагата во Јавното обвинителство за фасификуван лек, одговорност сѐ уште нема. Инспекторите откриле дека бил ставен во 28 пакувања, но не бил пуштен во продажба. Засега, во интерес на постапката, Агенцијата за лекови не откриваат повеќе детали за случајот.
-
Македонија 11.01.2018 14:59
Апелација расправа за жалбите за притворените за собраниските настани
Во Апелацискиот суд Скопје почнаа јавните седници на кои се одлучува за притворите на дел од осомничените кои според обвинителството учествувале во настаните од 27-ми април. Се разгледуваат четири жалби, меѓу кои и оние на поранешниот министер Митко Чавков и оперскиот пејач Игор Дурловски.
-
Македонија 11.01.2018 14:53
Измените на Законот за пушење ќе одат на пленарна седница во Собранието
Измените на Законот за пушење ќе одат на пленарна расправа во законодавниот дом. Предлогот е од СДСМ и од ДУИ. Претседателката на матичната комисија, иако доаѓа од редовите на интегративците, гласаше против.
-
Македонија 11.01.2018 13:37
Собранието го донесе Законот за употреба на јазиците
Собранието на Република Македонија денеска со 69 гласа „за“ го донесе Законот за употреба на јазиците. Законот беше изгласан и со двојно мнозинство, односно за него гласаа 27 пратеници од немнозинските заедници, а еден беше воздржан.
-
Македонија 11.01.2018 13:32
Дарко Костадиновски и Осман Кадриу избрани за уставни судии
Собранието на Република Македонија денеска ги избра Дарко Костадиновски и Осман Кадриу за нови уставни судии.










