Утрешниот ден во Македонија ќе донесе претежно облачно време со појава на магла и ниска облачност особено по котлините. Има мала веројатност за слаб локален дожд на југот од земјата повеќе на планините.
-
Македонија 09.01.2018 16:27
-
Македонија 09.01.2018 16:24
Касами тврди- во БЕСА нема раскол, Карамани вели дека добива закани по живот
Нема раскол и нема две движења БЕСА, тврди Биљал Касами. За внатрепартиските случувања рече дека станувало збор за лични интереси и амбиции на членови кои сакале да се наметнат во партијата. Ги охрабрува да се држат до статутот. Потврди дека и тој ќе биде во трката за лидер на партијата.
-
Македонија 09.01.2018 15:53
Нова рунда разговори за името на 17-ти јануари во Њујорк
Новата рунда разговори за разликата за името ќе се одржи на 17-ти јануари во Њујорк, меѓу посредникот Метју Нимиц и претставниците на Македонија и на Грција, Васко Наумовски и Адамантиос Василакис. Теренот се подготвува.
-
Македонија 09.01.2018 15:38
Собраниските седници презакажани за в четврток
Собранието не успеа да ги изгласа Законот за употреба на јазиците и новите уставни судии. Немаше кворум.
-
Македонија 09.01.2018 15:20
Османи: Историска шанса за прашањето за името
„2018-та година преставува историска шанаса за надминување на недоразбирањето околу употребата на името на нашата земја.
-
Македонија 09.01.2018 15:09
Во Скопје и натаму тешко се дише
Скопскиот воздух и денеска со вкус и мирис. Проблемот го отежна и густата магла. Загадувањето стана хроничен проблем на градот. Од вчера, надлежните го вклучија алармот, стапија во сила итните мерки против аерозагадувањето.
-
Македонија 09.01.2018 15:03
Бесплатен градски превоз сѐ до намалување на загадувањето
Бесплатни градски автобуси, празни скелиња на градилиштата. Мерката за ублажување на аерозагадувањето активна и денеска. Иако мерните станици повторно покажуваат црвен аларм, сепак, од комодитетот да се возат во сопствен автомобил не се откажаа многу граѓани.
-
Македонија 09.01.2018 14:55
ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во работата на Собранието
Сѐ додека не се создадат услови за нормално работење, ВМРО-ДПМНЕ ќе го бојкотира Собранието. Ваква одлука донела нивната пратеничката група откако констатирала дека во моментов нема демократски амбиент за работа во Законодавниот дом.
-
Македонија 09.01.2018 13:39
Денес и утре облачно, од четврток дожд и снег
И натаму високи температури за овој период од годината, од 8 до 14 степени. Од утре попладне се очекуваат локални врнежи од дожд. Значителна временска промена ќе има од петок, кога според метеоролозите ќе има врнежи и заладувања.
-
Македонија 09.01.2018 13:20
ССМ: Спроведување на мерките за заштита од аерозагадувањето
Сојузот на синдикатите на Македонија бара почитување на мерките на Владата за заштита од аерозагадувањето. Меѓу нив е и барањето за зголемување на инспекциските контроли на градилиштата и ограничувањето на употребата на службените возила.










