Премиерот Зоран Заев заедно со премиерите од земјите од Западен Балкан вечер во Брисел ќе присуствува на неформален состанок на покана на високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини.
-
Македонија 18.12.2017 07:49
-
Македонија 16.12.2017 09:48
Заев и Рама во посета на Мала Преспа и Пустец
Премиерите на Македонија и на Албанија, Зоран Заев и Еди Рама денеска ќе ги посетат Македонците кои живеат во Мала Преспа и Пустец.
Во Пустец двајцата премиери ќе остварат средба со претставници на локалната самоуправа, а ќе го посетат и училиштето и ќе донираат опрема за учениците.
-
Македонија 15.12.2017 12:28
Метео: Дожд и снег за викендот
За време на викендот ќе настапи промена на времето.Утре ќе биде променливо облачно и ветровито со повремено засилен ветер од јужен правец.
-
Македонија 15.12.2017 12:24
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да дебатираат за Буџетот за 2018-та
Пратеничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека нема да учествува во работата на Собраниската седница на која на дневен ред е буџетот за 2018-та година, ниту на другите две закажани седници.
-
Македонија 15.12.2017 11:57
Собрание: Расправа за избор на нов Јавен обвинител
Седницата на Собранието на која на дневен ред беше дополнетиот Предлог- буџет за 2018-та година е презакажана за идниот петок. Наместо неа, закажано е продолжение на седницата на која треба да биде именуван јавниот обвинител, како и да бидат разгледани реформските закони за правосудството.
-
Македонија 15.12.2017 11:16
Попладне се очекува расчистување на маглата и загадувањето
Од УХМР најавуваат дека околу пладне и попладне ќе почне да дува ветер кој ќе придонесе кон расчистување на маглата и загадувањето, а од утре ќе има и дожд.
-
Македонија 15.12.2017 11:05
ВМРО-ДПМНЕ продолжува со блокади и протести
ВМРО-ДПМНЕ и за денеска најави блокади на неколку раскрсници во Скопје и протест пред Министерството за правда. Од партијата велат дека Македонија е единствената држава во Европа во која има политички затвореници.
-
Македонија 15.12.2017 10:34
Преписка на Твитер меѓу американските и руските дипломати за загадениот воздух во земјава
За загадениот воздух во Македонија, преписка на социјалните мрежи на американските и руските дипломати во земјава.
-
Македонија 15.12.2017 08:14
Заедничка седница на владите на Македонија и на Албанија во Поградец
Во Поградец ќе се одржи заедничка седница на владите на Албанија и на Македонија. На маса, инфраструктурното поврзување, изградбата на Коридорот 8, интензивирање на размената на стоки и услуги и јакнење на соработката во безбедноста.
-
Македонија 15.12.2017 08:08
Откажани летови на скопскиот аеродром, магла на дел од патиштата
Маглата предизвикува проблеми во одвивањето на сообраќајот. Планираните утрински летнувања и слетувања на аеродромот „Александар Велики“ се откажани. Само еден лет е пренасочен на Приштинскиот аеродром.









