Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците на РМ, 25-ти декември (понеделник), првиот ден на Божик е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија.
-
Македонија 19.12.2017 12:39
-
Македонија 19.12.2017 12:02
Манчевски: Отпуштања во администрацијата ќе нема, вработувања согласно потребите
Нема да има отпуштања во јавната администрација, а вработување ќе има согласно потребите, истакна министерот за информатичко општество Манчевски.
-
Македонија 19.12.2017 10:40
Рочиште за случајот „Тарифа“ во Кривичен суд
Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи рочиште за случајот „Тарифа“. Специјалното јавно обвинителство за овој случај сомничи седум лица поради постоење основано сомнение дека е извршена злоупотреба на службената положба во постапка по јавна набавка на софтвер за потребите на АД ЕЛЕМ.
-
Македонија 19.12.2017 10:24
Субвенции за органско производство
До 25-ти декември трае рокот за поднесување барања за финансиска поддршка за органските преработки и за нивната продажба.
-
Македонија 19.12.2017 10:22
Џафери во посета на Албанија
Делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од претседателот Талат Џафери, а во чиј состав се и пратениците Ејуп Алими, Бети Рабаџиевска-Наумовска и Реџеп Мемеди, од денеска престојува во тридневна посета на Република Албанија.
-
Македонија 19.12.2017 10:17
2018-та клучна година за голем исчекор кон ЕУ
Лидерите од регионот ја гледаат 2018-та како клучна година за голем исчекор на сите држави во пристапувањето кон ЕУ, но и за интензивирање на регионалната соработка со максимална поддршка на инструментите на ЕУ за оваа намена, беше нагласено на синоќешната средба на премиерите на земјите од Запад
-
Македонија 18.12.2017 16:16
Струмица доби пречистителна станица
Во Струмица е пуштена во употреба пречистителна станица за третман на отпадни води. Финансирана е со пари од европските фондови. Станицата е изградена за една година и ќе придонесе во овој дел од земјата да се одгледуваат еколошки земјоделски производи.
-
Македонија 18.12.2017 15:59
Партиите ја користат религијата во предизборните кампањи
Партиите од албанскиот политички блок повеќе ја користеле религијата во кампањите отколку македонските партии, ова е генералниот заклучок од анкетата што ја спроведе Институтот за политички истражувања.
-
Македонија 18.12.2017 15:39
Поголема транспартнтност за реформите во МВР
Невладиниот сектор бара поголема вклученост во контролата на комуникациите, но и транспарентност во спроведувањето на реформите во МВР. Сметаат дека предложениот модел е избрзан и содржи недоречености. Со ист став и од Канцеларијата на Народниот правобранител.
-
Македонија 18.12.2017 15:16
Почна судењето за обидот за убиство на Тодоров
Почна судењето за обидот за убиство на некогашниот министер, Тодоров. Адвокатката на обвинетиот Љупчо Стојановски побара изземање на судијката Лаличиќ, бидејќи била спомната во материјалите со прислушкувањето.










