Во семејна куќа во Тетово откриена најголема лабораторија во Југоисточна Европа за производство на синтетички дроги.
-
Македонија 01.12.2017 15:17
-
Македонија 01.12.2017 15:06
Одземен имунитетот на шестмина пратеници
Претседателот на Собранието, Талат Џафери ги потпиша одлиуките за симнување на имунитетот на 6-те пратеници и ги проследи до Кривичниот суд.
-
Македонија 01.12.2017 14:43
Чакаровски: Повлечени сите спорни лекови
Сите спорни лекови повлечени, граѓаните да не се грижат- изјави заменик министерот за здравство Гоце Чакаровски.
-
Македонија 01.12.2017 13:48
Македонија очекува да биде 30-та членка на НАТО
Определба за градење силна демократија, почит на човековите права, како и кохезивно општество, се стратешките цели на Република Македонија со кои Владата го трасира патот кон НАТО- рече премиерот Зоран Заев на состанокот на САД- Јадранската повелба.
-
Македонија 01.12.2017 13:23
Грујевски и Бошкоски побарале политички азил во Грција
Грчкиот суд во Солун го одложи судењето на вработените во УБК, Горан Грујевски и Никола Бошкоски за 17-ти мај идната година.
-
Македонија 01.12.2017 13:04
Откриена лабораторија за екстази во Тетово
Разбиена најголема лабораторија за производство на синтетичка дрога во Југоисточна Европа. Таа била сместена во куќа во Тетово. Акцијата е резултат на заедничка прекугранична соработка меѓу обвинителствата и полициите на Македонија и на Србија.
-
Македонија 01.12.2017 12:50
УХМР: Врнежите ќе продолжат и наредните два дена
Врнежите ќе продолжат и во наредните два дена, велат од Управата за хидрометеоролошки работи. Се очекува да наврнат 60 литри дожд на квадратен метар.
Водостојот на реките е покачен и постојат ризици од поплави. Од понеделник се очекува заладување.
-
Македонија 01.12.2017 12:45
Собранието им го одзеде имунитетот на шестемина пратеници
Собранието на Република Македонија го одобри барањето на Кривичниот суд за одземање на имунитетот на пратениците Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Љубен Арнаудов, Љупчо Димовски и Сашо Василевски, поради притвор за насилствата во Собранието на 27-ми април годинава.
-
Македонија 01.12.2017 12:32
Осми декември, „Св.Климент Охридски“- неработен ден за сите граѓани
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците, 8 декември 2017 година (петок), „Св.Климент Охридски“, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
-
Македонија 01.12.2017 12:29
Почна седницата за одземање на имунитетот на шест пратеници
Собранието ја почна 25-тата седница на која има само една точка- симнување на имунитетот на шестмината пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, поради притвор за настаните на 27-ми април.










