Утре во Македонија ќе преовладува облачно време, на повеќе места со обилни врнежи од дожд особено во источните и западните делови.
Ќе дува слаб ветер од северен, а во јужните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Утре во Македонија ќе преовладува облачно време, на повеќе места со обилни врнежи од дожд особено во источните и западните делови.
Ќе дува слаб ветер од северен, а во јужните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Стапката на родово базирано насилство врз жените и девојчињата со попреченост во земјава е повисока од другите држави во регионот и во ЕУ, алармираа од УНИЦЕФ.
Петмина пратеници од мнозинството, членови на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања, гласаа за определување притвор на шестмина нивни колеги од опозицијата. На седницата не присуствуваа членовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Овој Меѓународен саем со нови понуди кон оние што работаат на полето на меѓнародната образовна соработка, можности, проекти и програми.
Судија на претходна постапка определи 30-дневен притвор и за лицата М.М и С.М. поврзано со настаните од 27 април во Собранието на Република Македонија.
Хунтата на власт управувана од СДС спроведува класичен партиски реваншизам и брутален политички притисок. сдс го злоупотребува судството за креирање на неосновани обвиненија за наводен тероризам против искрени патриоти- се вели во соопштението на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Комисијата за деловнички и мандантно- имунитетни прашања денеска напладне за само половина час донесе заклучоци со кои на Собранието му се предлага да бидат одземени мандатите на шесте пратеници. На седницата не присуствуваа пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Британската амбасада во Македонија оценува дека насилствата во Собранието од 27-ми април годинава мора да се истражат и да имаат судска разврска.
Разликите за името со Грција, состојбите во Македонија и регионот биле теми на разговорот на министерот за надворешни работи Никола Димитров со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон во Стејт Департментот во Вашингтон. Шефот на дипломатијата побарал поддршка од САД за прием во НАТО.
Црна Гора ќе биде најголем промотор на македонските интереси во евроатланскиот процес- порача црногорскиот министер за одбрана, Предраг Бошковиќ по средбата со мисинстерката Радмила Шекеринска.