Посредникот на Обединетите нации во разговорите за прашањето околу името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц закажа средба со претставниците на двете земји во Брисел на 11-ти и 12-ти декември.
-
Македонија 17.11.2017 09:02
-
Македонија 16.11.2017 15:55
Ќе се менува законот за заштита на сведоци
Ќе се менува законот за заштита на сведоци- корекциите што треба да обезбедат поголема автономија на Специјалното Јавно обвинителство за определување на статусот на заштитниот сведок во нивните предмети, го минаа владиниот филтер.
-
Македонија 16.11.2017 15:45
Армиските „Волци“ подготвени во секакви услови да одговорат на предизвикот
Обученост, професионалност и тимско дејствување, армиските „Волци“ ја покажаа подготвеноста во секакви услови да одговорат на предизвикот. Пред ресорната министерка оваа елитна единица демонстрираше „неутрализација на терористичка група“.
-
Македонија 16.11.2017 15:39
УПОЗ: Поголеми плати и К-15 за јавната администрација
Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани сметаат дека зголемувањето на платите во одбраната, здравството и образованието е парцијално решение. Преку пратеничките групи во Собранието ќе бараат амандмански измени на Предлог- буџетот за 2018-та.
-
Македонија 16.11.2017 15:26
Метео: Облачно време со врнежи од дожд
Под влијание на циклонска активност во Македонија и утре ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд.
На повеќе места врнежите ќе бидат обилни особено во јужните и западните делови каде што локално ќе наврне над 40 литри на метар квадратен дожд.
-
Македонија 16.11.2017 15:08
До 2020-та да нема дете под три години сместено во згрижувачки домови
Сместувањето деца во институции e штетно за нивниот развој, бидејќи имаат помали шанси да се развијат нормално, и психички и физички - покажуваат анализите на УНИЦЕФ.
-
Македонија 16.11.2017 15:00
Преку дебата до најсоодветно решение за заштита на системот за следење на комуникациите
До Нова Година треба да биде готова работната верзија за пакетот решенија за следењето на комуникациите - измена на постојните закони и обезбедување услови за формирање посебна Агенција, надвор од МВР, во која ќе бидат сместени уредите за прислушување.
-
Македонија 16.11.2017 14:53
Заев- Бутарис: Продлабочување на соработката меѓу Македонија и Грција
Зближување на граѓаните од Македонија и од Грција преку поголема соработка во економијата, туризмот и заеднички проекти, финансирани од европските фондови ќе придонесе за зголемување на довербата меѓу двете земји- оценка на премиерот Зоран Заев и солунскиот градоначалник Јанис Бутарис на средбата
-
Македонија 16.11.2017 13:53
Стечајната постапка за „Фени“ останува кај Основниот суд- Велес
Основниот суд Велес останува надлежен за водење на стечајната постапка на „Фени индустри“ АД Кавадарци.
-
Македонија 16.11.2017 13:46
Бесплатно тестирање за ХИВ вирусот
338 лица во Македонија живеат со ХИВ вирусот, од нив 190 се на терапија – последни податоци на невладината „Хера“. Најдобра превенција е тестирањето, кое е бесплатно и доброволно, и така се спречува ширењето на вирусот.










