Вицепремиерот Османи и министерот за надворешни работи Димитров, во Брисел на средба со потпретседателката на Европската комисија и висока претставничка за надворешна и безбедносна политика, Могерини.
-
Македонија 14.11.2017 09:57
-
Македонија 14.11.2017 09:45
Клиничките болници од Битола, Лерин и Корча ќе соработуваат во областа на хирургијата
Битолската клиничка и болниците од Корча и Лерин со помош на едукатори од ЕУ ќе изучуваат и воведуваат нови методи во хирушката медицина.
-
Македонија 14.11.2017 09:38
Градоначалникот на Прилеп вети помош за обнова на домот на семејството Стеваноски
Прво чад во дневната соба кај телевизорот, а потоа паника. Повик за помош, но огнената стихија била без милост. Прилепското семејство Стеваноски во неделната ноќ остана без покуќнина, без сѐ што со години печалеле. Пожарот им ја изгорел целата внатрешност на семејната куќа.
-
Македонија 14.11.2017 09:28
Заврши жетвата на оризот, откупот неизвесен
Заврши годинешната жетва на оризот. Временските услови за разлика од другите култури за оризот беа поволни во текот на целата вегетацијата.
Површината под оризова арпа за оваа година во кочанско изнесуваше 2.950 хектари, а вкупниот принос е 12.700 тони.
-
Македонија 14.11.2017 09:25
Продолжува собраниската расправа за Законот за јазиците
Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи расправата по Предлог-законот за употреба на јазиците во прво читање.
-
Македонија 14.11.2017 09:21
Нов обид за почеток на судењето за случајот „Труст“
Во Кривичниот суд нов обид за почеток на судењето за случајот „Труст“ во кој обвинет е бизнисменот Сеад Кочан. Предходното рочиште беше одложено бидејќи одбраната побара време за да направи увид во доказите што ги предлага Специјалното јавно обвинителство.
-
Македонија 14.11.2017 09:18
Заев: На 20-ти или 21-ви ноември средба на Нимиц со преговарачите
На вториот ден од посетата на Словенија, премиерот Заев на работен појадок со делегација на словенечки стопанственици. Претседателот на Владата ќе се сретне и со претседателот на Државниот збор, Милан Брглез, како и со словенечкиот претседател Борут Пахор.
-
Македонија 13.11.2017 16:31
Скопје го одбележа Денот на ослободувањето
Во историјата на Скопје имало разни ослободувања, но ова ослободување македонскиот народ го извојувало со сопствени сили, со формирањето на повеќе скопски одреди и бригади во текот на војната.
-
Македонија 13.11.2017 16:15
Научна конференција во Битола посветена на балканските општества во Првата Светска војна
Насоките на иницијативната конференција на Франција одржана пред четири години во Париз за прв пат преточени во научни дискусии. Ако досега во однос на случувањата од Првата Светска војна, приматот беше ставен главно на воените дејствија на меѓународната конференција, „Балканскит
-
Македонија 13.11.2017 15:49
Продолжи расправата за Законот за јазици, ставовите останаа дијаметрално спротивни
Ние сме за развој на мултиетничко општество, за евроинтеграции, но не на овој начин каде непотребно албанскиот јазик се прави втор официјален во земјата, рекоа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на новото продолжение од расправата за Предлог- законот за јазиците.










