ВМРО-ДПМНЕ бара, Државната изборна комисија и претседателот Чичаковски поради непотизам, да го разрешат генералниот секретар Јанчев. Истовремено, оваа партија бара да бидат разрешени сите партиски војници на СДСМ кои се поставени за претседатели на Општински изборни комисии.
-
Македонија 06.10.2017 15:02
-
Македонија 06.10.2017 14:56
Потребно е поголемо учество на жените во политиката
Со една минута молк за починатиот кандидат за градоначалник на Кичево, Абази, 15 жени ја претставија својата кандидатура за градоначалници на престојните избори. На претходните имало 26 кандидатки за градоначалници. Од независноста на Македонија само 22 жени биле министри во Владата.
-
Македонија 06.10.2017 14:36
Напаѓачот на Шекеринска се изјасни за виновен
Пензионерот Панче Ангелов и се извини на министерката Радмила Шекеринска затоа што ја влечеше и кубеше на 27-ми април за време на Собраниските настани. Ја призна вината за, како што рече, грозоморното дело што го сторил, но појасни дека не сакал да ја малтретира, туку да и помогне.
-
Македонија 06.10.2017 13:50
Кривична пријава за градоначалникот на Берово
Градоначалникот на Берово заработи кривична пријава поради злоупотреба на службена положба. Според МВР, тој без решенија и без патни налози го користел возилото на општината за сопствени потреби.
-
Македонија 06.10.2017 12:47
Финансиска полиција: Кривични пријави против седум лица, првоосомничен градоначалникот на Вевчани
Финансиската полиција поднесе кривични пријави против седуммина. Се однесуваат на злоупотреба на службената положба и овластување, злоупотреба на постапка за јавен повик, за доделување договор за јавна набавка и за помагање. Првоосомничен е градоначалникот на Вевчани.
-
Македонија 06.10.2017 12:44
Јанева: Се анализираат материјалите земени од претресите
Сѐ уште се анализираат податоците коишто Специјалното јавно обвинителство со судски налог ги обезбеди вчера, а кои се поврзани со предистражната постапка за злоупотреба на АКМИС системот во скопскиот Кривичен суд за електронска распределба на предмети.
-
Македонија 06.10.2017 12:00
АРМ: Теренската вежба „Македонски Блесок-13“ извршена на највисоко професионално ниво
Предвидените активности на теренската вежба „Македонски блесок-13“, на која се реоценуваат средната батаљонска чета и ренџерската чета, согласно НАТО концептот за оперативни способности- ниво 2, се извршени на највисоко професионално ниво.
-
Македонија 06.10.2017 11:23
Метео: Значителен пад на температурата
Под влијание на влажен и студен воздушен бран, утре во Македонија ќе има повремени врнежи од дожд, на места пообилни (над 20 литри на метар квадратен), претежно во западните и севеверните делови.
-
Македонија 06.10.2017 10:49
Грејната сезона почнува порано
Регулаторната комиисија за енергетика најави порано почнување на грејната сезона, доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12 целзиусови степени.
-
Македонија 06.10.2017 10:45
19 општини имаат блокирани сметки, ќе добијат пари за да ги организираат локалните избори
Засега вкупно 19 општини имаат блокирани сметки, и за да можат да ги организираат локалните избори ќе добијат пари преку Државната изборна комисија, од Министерството за финансии.










