• Македонија 02.10.2017 10:16

    Локални избори 2017: Партиите на митинзи и средби со граѓани

    Осми ден партиски активности пред локалните избори на 15-ти октомври. Карванот на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи средби со граѓаните во Пласница и во Демир Хисар, а митинзи се најавени во Македонски Брод и во Кичево.

  • Македонија 02.10.2017 10:05

    Летната суша продолжи и на есен

    Повремените врнеж со малку дожд во изминатиот период иако добредојдени сепак не го решија најголемиот проблем со кој се соочуваат земјоделските производители, сушата .

  • Македонија 01.10.2017 11:54

    Локални избори 2017: Седми ден кампања

    Митинзи и средби со граѓани низ повеќе градови и населени места ќе одржат денеска партиите, коалициите и независните кандидати, кои учествуваат на локалните избори закажани за 15 октомври годинава.

  • Македонија 29.09.2017 16:44

    Касами: Имаме понуда која е реална

    Кандидатот за градоначалник на општина Тетово од движењето БЕСА, Билал Касами предизборната програма ја промовираше пред жителите на Порој. Рече дека во неговата програма се предвидени капитални и инфраструктурни проекти, изградба на паркови, спортско - рекреативни објекти.

  • Македонија 29.09.2017 16:38

    СДСМ: Ќе се решаваат проблемите на општините

    „Целта на централната власт е да се приближи на локалната и да биде сервис на општините, за граѓаните да имаат подобри услови за живот“, рече заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска пред граѓаните на Гостивар.

  • Македонија 29.09.2017 16:36

    Ахмети: Се залагаме за градење човечки вредности

    ДУИ има изградено национални вредности, но пред сѐ се залагаше за градење човечки вредности, со капацитети добро подготвени за да им служат на граѓаните, во служба на иднината, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети при презентирањето на митингот во Арачиново.

  • Македонија 29.09.2017 16:33

    Груевски: Исправени сме пред историска одлука, на Македонија ѝ се потребни докажани луѓе

    На Македонија ѝ се потребни докажани луѓе. Исправени сме пред историска одлука за иднината на нашата земја. Доведени се во прашање нашата економија, националниот идентитет, култура, јазик, држава.

  • Македонија 29.09.2017 16:14

    Потврдени уште три случаи на морбили

    Лабораториски се потврдени уште три случаи на морбили. Се работи за деца на возраст од три и пет години и пациент на возраст од 27 години, информира Институтот за јавно здравје.

  • Македонија 29.09.2017 15:55

    Метео: За викендот променливо облачно

    Во текот на викендот во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и претежно суво без врнежи од дожд.

    Утрата ќе бидат постудени, додека дневните температури ќе бележат пораст и ќе ни донесат малку потопло време преку ден од досегашното.

  • Македонија 29.09.2017 15:11

    Определен 30- дневен притвор за Игор Југ

    Судија на претходна постапка му одреди 30-дневен притвор на Игор Југ, откако Основното јавно обвинителство информира дека ја проширило истрагата против него. Тој е осомничен за поседување оружје и дека бил водач на толпа за време на упадот во Собранието на РМ на 27 април годинава.

Pages