Советот на јавни обвинители денеска треба да одржи седница на која треба да се назначи вршител на должноста јавен обвинител на Република Македонија, на местото на Марко Зврлевски. Седницата требаше да се одржи на 24 април, но поради немање кворум беше презакажана за денеска.
-
Македонија 29.08.2017 11:06
-
Македонија 29.08.2017 10:30
Над 800.000 евра исплатени на работници кои не оделе на работа
Внатрешната ревизија на Генералниот секретаријат на владата утврдила во 2016-та година, 166 државни службеници не доаѓале на работа, а им биле исплатени 830 илјади евра.
Информираат дека тоа е во спротивност со Законот за работни односи и Законот за административните службеници.
-
Македонија 29.08.2017 10:24
МНР: Нема сознанија за зафатени македонски државјани од поплавите во Хјустон
Македонската амбасада во САД, по комуникацијата со надлежните служби, до овој момент нема сознанија за македонски државјани зафатени од катастрофалните поплави во Хјустон и во околината.
-
Македонија 29.08.2017 10:22
Могерини: Балканот е меѓу приоритетите на Брисел
На состанокот со амбасадорите на Европската унија, шефицата на дипломатијата и одбраната Могерини оцени- Балканот годинава е меѓу приоритетите на Брисел. Покрај тероризмот и миграцијата беа воочени повеќе политички кризи во регионот.
-
Македонија 29.08.2017 10:11
Огласот за субвенции за набавка на добиток и нови насади трае до петок
Повикот се однесува за подигнување нови повеќе годишни насади на лозови и овошни и медоносна растенија и набавка на добиток од признати одгледувачи од Македонија и од странство.
-
Македонија 29.08.2017 08:33
Пратениците од утре се враќаат на работа
Пратениците од утре почнуваат со работа по годишниот одмор што го користеа од 18-ти месецов. За утре е закажана седница на Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање.
-
Македонија 29.08.2017 08:30
Јавна седница на Државната комисија за спречување корупција
Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ќе одржи јавна седница.
Членовите на Комисијата на седницата ќе разгледуваат приговори во врска со Изборниот законик.
-
Македонија 29.08.2017 08:28
Променливо облачно со локален дожд
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со локален дожд. Наместа ќе биде пороен проследен со засилен ветер и грмежи.
Утринската температура ќе се движи од 13 до 22, а дневната од 21 до 29 степени.
-
Македонија 25.08.2017 15:14
ВМРО-ДПМНЕ: Погрешни политики во економијата
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја обвини власта за водење лоши економски политики. Од партијата велат, наместо подобар живот, граѓаните добија помали плати и пензии.
-
Македонија 25.08.2017 15:09
Подршка за реформите и интеграцијата од Европските либерали и демократи
На Македонија ѝ е потребна политичка стабилност, а не нова влада секоја година, ако планот 3-6-9 се реализира, земјата ќе стане модерна- со овој став холандскиот европратеник Ван Бален ја искажа подршката на Европските либерали за реформите и евроинтеграцијата на Македонија.










