Државната изборна комисија од денеска до 25-ти месецов треба по случаен избор преку софтверот и базата на административци да ги определи членовите на избирачките одбори за локалните избори.
-
Македонија 22.08.2017 13:34
-
Македонија 22.08.2017 13:06
Вршител на должноста Јавен обвинител в четврток
Советот на јавните обвинители в четврток треба да решава кој ќе биде вршител на должноста државен Јавен обвинител. Владата пак, како што беше најавено во петокот треба да ја почне процедурата за именување нов обвинител.
-
Македонија 22.08.2017 12:37
ВМРО- ДПМНЕ: СДС ја исцеди државната каса
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ посочува дека СДС ја исцеди државната каса. Поради неспособноста на Заев и тесната група околу него се заканува крах на буџетот. Нема пари ниту за ветеното покачување на пензиите, ниту за просечна плата од 30.000 денари, стои во дописот.
-
Македонија 22.08.2017 12:37
СДСМ: Еднакви услови за работа на фирмите
Поранешни функционери во Управата за јавни приходи од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на незаконски начин им овозможиле на 37 фирми да бидат изземени од законските постапки за наплата на милионски долгови, поради неплаќање данок, велат од СДСМ.
-
Македонија 22.08.2017 12:03
Коѕиас на 30-ти и 31-ви август во официјална посета на Македонија
Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас на 30-ти и 31-ви август ќе престојува во официјална посета на Македонија, јави Независната Балканска новинска агенција (ИБНА). Засега нема официјална потврда од грчкото МНР.
-
Македонија 22.08.2017 11:18
Нова ротација унгарски полицајци на јужната граница
Нова роатација на унгарските полицајци на македонско-грчката граница. Вчера од Будимпешта појдоа 30 полициски службеници за спречување на незаконската миграција.
Во наредниот период, се очекуваат повеќе мигранти по копнен, отколку по воден пат, посочуваат од унгарската полиција.
-
Македонија 22.08.2017 10:16
Сѐ уште се утврдуваат причините за несреќата на автопатот Велес- Скопје
Полицијата и велешкото Основно јавно обвинителство сѐ уште ги утврдуваат причините за несреќата што се случи на автопатот Скопје-Велес, во која беа повредени 28 патници.
-
Македонија 22.08.2017 10:03
Нови рокови за набавка на добиток
Неповратната финансиска помош останува на 50 проценти од трошоците за набавката на високо стелни јуници, со исклучок на расата буша, и за машки и женски приплодни грла овци, кози и свињи.
-
Македонија 22.08.2017 08:12
Почнува процедурата за избор на нов јавен обвинител
Владата на Република Македонија денеска на редовна седница ќе му препорача на Собранието да ја почне процедурата за избор на нов јавен обвинител. Владата на седницата ќе постави на дневен ред Предлог-заклучок, со кој ќе му предложи на Собранието да го огласи именувањето на јавен обвинител.
-
Македонија 22.08.2017 08:08
Сончево со умерена облачност и ветер
Во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува повременo засилен претежно северен ветер пред се долж Повардарието и кон исток. УВ индексот ќе има вредност 7.
Утринската температура ќе се движи од девет до 17 степени, а дневната од 22 до 29 степени.










