Евроамбасадорот Самуел Жбогар гледа оптимизам во земјава. Очекува Брисел да ги валоризира реформите. Бара реализација на планот 3-6-9.
-
Македонија 06.07.2017 14:35
-
Македонија 06.07.2017 13:14
Објавени резултатите од државната матура, средна оценка 3,39
Средната оценка од екстерните испити на државната матура за учебната 2016/2017 во јунскиот испитен рок е 3,39, соопшти Државниот испитен центар кој денеска ги презентираше резултатите.
Резултатите од испитите денеска се објавуваат и во училиштата, како и електронски на matura.gov.mk.
-
Македонија 06.07.2017 12:56
МАНУ: Тврдењата на Димитров се неточни и крајно тенденциозни
МАНУ ги оцени како неточни и крајно тенденциозни тврдењата на Божидар Димитров, директор на Националниот историски музеј на Бугарија. Смета дека неговите антимакедонски ставови им се добро познати на МАНУ и на македонската јавност, и не заслужуваат посебен коментар.
-
Македонија 06.07.2017 12:43
Припадници на АРМ дел од меѓународната вежба „Сајбер Гардијан“
Армиски специјалци, инженерци, воени полицајци и припадници на Балканските медицински сили ќе бидат дел од најголемата вежба во црноморскиот регион годинава „Сајбер Гардијан“, односно „Сабја- чувар“. Вежбата се одржува во Романија, Унгарија и во Бугарија.
-
Македонија 06.07.2017 12:24
Илиоски: МАНУ молчи кога се руши угледот на Република Македонија
Во услови кога македонските национални и државни интереси се атакувани од надвор, кога се негираат македонскиот народ, македонскиот јазик и името на државата, нашата највисока национална научна установа молчи. Тоа е срамно, вели Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 06.07.2017 11:50
Нов земјотрес од 3,8 степени по Рихтер во Охридско
Нов земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтер е почувствуван во Охридско, во 11 часот и 12 минути. Епицентарот е на 10 километри источно од Охрид, соопштуваат од Сеизмолошката опсерваторија.
-
Македонија 06.07.2017 11:47
Струшката депонија повторно гори
Депонијата во Струга од вчера попладне повторно гори. Револтирани стружани ноќеска оставиле ѓубре пред општинската зграда со цел да им укажат на надлежните дека треба да се преземат мерки за надминување на проблемот и постојан надзор над депонијата за да не дојде до повторно палење.
-
Македонија 06.07.2017 10:32
Продолжува шестата собраниска седница
Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи шестата седница на која треба да се изјасни за изборот на Спасе Глигоров за директор на Агенцијата за администрација.
-
Македонија 06.07.2017 10:30
Испраќање на контингент на АРМ на вежба „Сајбер Гардијан 2017“
71 припадник на Армијата на Република Македонија од 11-ти до 20-ти јули ќе учествуваат на големата меѓународна вежба „Сајбер Гардијан 2017“, што се изведува на територијата на Унгарија, Романија и Бугарија.
-
Македонија 06.07.2017 09:02
Претседателот Иванов на форумот Кран Монтана во Барселона
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата Маја Иванова престојува во работна посета на Кралството Шпанија, каде ќе учествува на 28. годишна сесија на форумот Кран Монтана, што се одржува во Барселона.









