Петнаесет словачки полицајци пристигнуваат во Македонија и тие ќе се распоредта на јужната македонска граница во областа на Гевгелија, како дел од европскиот безбедносен контигент за контрола на илегалната миграција.
-
Македонија 06.06.2017 10:51
-
Македонија 06.06.2017 10:35
СЈО ги истражува дивоградбите во Чаир
Специјалното јавно обвинителство од вчера е во општина Чаир. Станува збор за предистражна постапка за дивоградбите на територијата на локалната самоуправа инаку дел од разговорите во прислушуваните материјали.
-
Македонија 06.06.2017 10:32
Во прекин товарниот и патничкиот железнички сообраќај
Во прекин е железничкиот товарен и патнички сообраќај, штрајкува машинскиот персонал во Македонски Железници. Денеска е пропуштен единствено експресниот воз Белград- Скопје- Солун.
-
Македонија 06.06.2017 10:07
Директен пренос на МРТ од пречекот на европскиот шампион Вардар
Сѐ е подготвено за пречек на европските шампиони. Ракометарите на Вардар пристигнуваат за еден час на аеродромот „Александар Велики“ каде што се очекува почетокот на славјето на шампионската титула.
-
Македонија 06.06.2017 08:14
Седници на две собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно правната комисија.
-
Македонија 05.06.2017 19:11
Владата ги формира работните тела, Драги Рашковски именуван за генерален секретар
Владата на Република Македонија денеска ја одржа првата седница, на која, како што се наведува во соопштението, е изразена заедничка согласност за посветена и ефикасна работа на членовите, во интерес на потребите на граѓаните и на државните интереси на Република Македонија, низ добра соработка и
-
Македонија 05.06.2017 17:19
Кривична пријава за девет лица за настаните во Собранието
Во врска со настаните од 27 април оваа година во Собранието на Република Македонија, СВР Скопје денеска до Основното јавно обвинителство - Скопје, поднесе кривична пријава против девет лица, поради основи на сомнение дека сториле насилство кон луѓе и оштетиле имот.
-
Македонија 05.06.2017 16:57
Пречек на европскиот ракометен шампион- Вардар
Градот Скопје утре на плоштадот „Македонија“ ќе организира пречек на ракометарите на ракометниот клуб „Вардар“, по освоената титула во Европската лига на шампиони во Келн, Германија.
-
Македонија 05.06.2017 16:52
Кривична пријава против директорот на Клиниката за неврохирургија
Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против А.Ч. (57) од Скопје, лекар и директор на Клиниката за неврохирургија при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „примање поткуп“, соопшти МВР.
-
Македонија 05.06.2017 16:31
Прва седница на новата Влада
Распределба на ресори на министрите без портфељ, избор на Генерален секретар на влада, шеф на кабинет, 30- тина законски решенија- се точки на дневен ред на првата владина седница предводена од премиерот Зоран Заев.










