Сѐ е подготвено за пречек на европските шампиони. Ракометарите на Вардар пристигнуваат за еден час на аеродромот „Александар Велики“ каде што се очекува почетокот на славјето на шампионската титула.
-
Македонија 06.06.2017 10:07
-
Македонија 06.06.2017 08:14
Седници на две собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно правната комисија.
-
Македонија 05.06.2017 19:11
Владата ги формира работните тела, Драги Рашковски именуван за генерален секретар
Владата на Република Македонија денеска ја одржа првата седница, на која, како што се наведува во соопштението, е изразена заедничка согласност за посветена и ефикасна работа на членовите, во интерес на потребите на граѓаните и на државните интереси на Република Македонија, низ добра соработка и
-
Македонија 05.06.2017 17:19
Кривична пријава за девет лица за настаните во Собранието
Во врска со настаните од 27 април оваа година во Собранието на Република Македонија, СВР Скопје денеска до Основното јавно обвинителство - Скопје, поднесе кривична пријава против девет лица, поради основи на сомнение дека сториле насилство кон луѓе и оштетиле имот.
-
Македонија 05.06.2017 16:57
Пречек на европскиот ракометен шампион- Вардар
Градот Скопје утре на плоштадот „Македонија“ ќе организира пречек на ракометарите на ракометниот клуб „Вардар“, по освоената титула во Европската лига на шампиони во Келн, Германија.
-
Македонија 05.06.2017 16:52
Кривична пријава против директорот на Клиниката за неврохирургија
Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против А.Ч. (57) од Скопје, лекар и директор на Клиниката за неврохирургија при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „примање поткуп“, соопшти МВР.
-
Македонија 05.06.2017 16:31
Прва седница на новата Влада
Распределба на ресори на министрите без портфељ, избор на Генерален секретар на влада, шеф на кабинет, 30- тина законски решенија- се точки на дневен ред на првата владина седница предводена од премиерот Зоран Заев.
-
Македонија 05.06.2017 16:18
Интензивни врнежи од дожд и грмежи во делови од државата
Поинтензивни врнежи од дожд проследени со грмежи попладнево има во планинските предели и северозападно од Битола, северно од Прилеп, југозападно од Скопје и западно од Тетово, како и во подрачјето меѓу Штип и Кочани, соопшти УХМР.
-
Македонија 05.06.2017 16:17
Ќе се укинува Кембриџ програмата во средното образование
Ќе се укинува Кембриџ програмата во средното образование, најави министерката за образование Рената Десковска. Министерката за образование денеска најави дека се бараат правни механизми, пред почетокот на новата учебна година да се стопира уште една, според неа, штетна мерка во образованието.
-
Македонија 05.06.2017 16:07
Награди, а не казни за лекарите
Лекарите ќе добиваат награди, но не и казни- ќе им се укине негативниот учинок. Ова е првата реформа во здравствениот систем, која ја најавува министерот Арбен Таравари.










