Продолжениот викенд во Македонија ќе донесе променливи временски услови. Утре попладне и во вечерните часови на места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
-
Македонија 01.06.2017 14:40
-
Македонија 01.06.2017 14:36
Шекеринска ја презеде функцијата министер за одбрана
Досегашниот министер за одбрана Зоран Јолевски денеска и ја предаде функцијата на новата министерка за одбрана Радмила Шекеринска- Јанкоска.
-
Македонија 01.06.2017 14:24
СДСМ го осуди пукањето во Тодоров
СДСМ го осуди пукањето во поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров. Оттаму велат дека недозволиво употребна на оружје и посегнување по нечиј живот, од која било причина.
-
Македонија 01.06.2017 13:35
Заев ја презеде премиерската функција
Новиот премиер Зоран Заев денеска во Владата на Република Македонија ја презеде функцијата од Емил Димитриев. Заев беше придружуван од неколку членови од новиот владин кабинет.
Претходно, членовите на Владата на Република Македонија беа примени од претседателот Ѓорге Иванов.
-
Македонија 01.06.2017 13:22
Македонија доби нова Влада
Со 62 гласа „за“, 44 „против“ и пет „воздржани“, Македонија ја доби новата Влада предводена од Зоран Заев. Вкупно 25 министри веднаш по изборот положија свечена заклетва дека ќе ги бранат интересите на граѓаните и државата.
-
Македонија 01.06.2017 13:15
Тевдовски ја презеде функцијата од Миноски
Во Министерството за финансии на Република Македонија денеска беше извршено примопредавање на должноста министер за финансии. Новиот министер за финансии Драган Тевдовски го презеде кабинетот од својот претходник Кирил Миноски, кој ја извршуваше оваа функција од јуни минатата година.
-
Македонија 01.06.2017 12:56
Евроатлански честитки до новата Влада
Стигнаа и првите евроатлантски честитки до новиот македонски кабинет.
-
Македонија 01.06.2017 12:49
Нова парламентарна седница
Измени на Изборниот законик и на закони од образованието на дневен ред на денешната седница на Собранието. Пратениците денеска ќе треба да изберат и претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите.
-
Македонија 01.06.2017 12:46
Инцидент пред Министерството за здравство, пукано во Тодоров
Инцидент пред Министерството за здравство, пред примопредавањето на фукцијата. Од полицијата соопштуваат дека бил физички нападнат поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров.
Настанот е пријавен во МВР 5 минути после пладне. Во полициска станица е приведено едно лице.
-
Македонија 01.06.2017 12:38
Претседателот Иванов на средба со членовите на новата Влада
Претседателот Ѓорге Иванов денеска, во Вилата Водно, ги прими членовите на новата Влада на Република Македонија, предводена од премиерот Зоран Заев.









