Избран е нов претседател на Собранието на законски и легитимен начин. Собраниското мнозинство има одговорност да ја формира новата реформска влада, а тоа го очекува домашната и меѓународната јавност, велат од СДСМ.
-
Македонија 02.05.2017 10:34
-
Македонија 02.05.2017 09:42
Продолжуваат протестите на граѓанската инцијатива „За заедничка Македонија“
Никакви заплашувања, закани и навреди нема да нѐ поколебаат. Напротив, ни даваат уште поголема енергија, волја и мотивација за да продолжиме уште похрабри, поенергични и поодлучни, велат од иницијативата „За заедничка Македонија“, најавувајќи дека продолжуваат со протестните маршеви.
-
Македонија 02.05.2017 08:04
Сончево со мала облачност, температура до 30 степени
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне со услови за краткотрајна нестабилност во планинските региони на југозапад.
Утринската температура ќе се движи од четири до 12 степени, а дневната од 19 до 30 степени.
-
Македонија 02.05.2017 08:01
Сообраќајот без застои, опасност од одрони
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
-
Македонија 01.05.2017 19:51
Притворени пет лица за нередите во Собранието
Во Основниот суд Скопје 1 пред судија на претходна постапка денеска е спроведено уште едно лице и прифатен е предлогот за притвор на Основното јавно обвинителство (ОЈО). Судот и на ова лице му определи мерка притвор во траење од осум дена, информираат од Основниот суд Скопје 1.
-
Македонија 01.05.2017 19:41
Хојт Ји: Лидерите да стават крај на кризата
„Важно е лидерите да најдат начин да му дозволат на мнозинството во Собранието да состави влада и владина програма.
-
Македонија 30.04.2017 15:19
Кривични пријави против 15 лица за нередите во Собранието, петмина приведени
Кривични пријави против 15 лица се поднесени од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до Основно јавно обвинителство – Скопје во врска со нередите што се случија во четвртокот вечерта во македонското Собрание, од кои петмина се приведени.
-
Македонија 30.04.2017 10:20
Хојт Ји во Скопје на средби со политичките лидери
Заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Хојт Брајан Ји, денеска и утре ќе престојува во посета на Република Македонија за време на која ќе се сретне со државниот врв и со лидерите на политичките партии застапени во Парламентот.
-
Македонија 29.04.2017 17:15
ОЈО: Се работи на идентификација на лицата кои извршија кривични дела во Собранието
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје денеска соопшти дека е во постојана комуникација со Министерството за внатрешни работи (МВР) во врска со идентификација на учесниците во нередите кои се случија во Собранието на Република Македонија. До овој момент не е поставена правна квалификација на
-
Македонија 28.04.2017 16:42
Дипломатски реакции: Насилството е неприфатливо
Турбулентната ситуација создадена вчера во Македонија, меѓу главните теми на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Малта. Оттаму високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини со осуда за инцидентите.









