Сончево и топло ќе биде денеска и во наредните два дена, а во попладневните часови, претежно во планинските подрачја, ќе има појава на локален пороен дожд со ретки грмежи, соопшти УХМР.
-
Македонија 02.05.2017 12:55
-
Македонија 02.05.2017 12:52
ВМРО-ДПМНЕ: Да не се приведуваат недолжни лица за настаните во Парламентот
ВМРО-ДПМНЕ ги повика институциите да не приведуваат, како што се вели, недолжни луѓе брзајќи да покажат некаков резултат од настаните во четвртокот.
-
Македонија 02.05.2017 12:43
Кривичен суд: Пет лица кои учествуваа во настаните во Собранието добија притвор
Пет лица кои учествуваа во настаните во Собранието добија притвор, одлучи судија на претходна постапка во скопскиот Кривичен суд. Од седуммината кои беа приведени од полицијата, за двајца е одредена мерка за претпазливост.
-
Македонија 02.05.2017 10:43
ЕП: Слободата на медиумите на Западен Балкан не е целосна
Слободата на медиумите на Западен Балкан не е целосна бидејќи државите во тој регион се соочени со политизација, проблеми во спроведување на законите и заплашување новинари, со пораст на автоцензура, се вели во извештај на истражувачки центар на Европскиот парламент.
-
Македонија 02.05.2017 10:37
ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја втурна Република Македонија во длабока криза
СДС ја втурна Република Македонија во длабока криза. Заради преголемата желба за власт и обидот да избегаат од соочување со правдата, СДС ги жртвуваше националните и државните интереси на Република Македонија, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 02.05.2017 10:34
СДСМ: Да се овозможи да продолжат демократските процеси
Избран е нов претседател на Собранието на законски и легитимен начин. Собраниското мнозинство има одговорност да ја формира новата реформска влада, а тоа го очекува домашната и меѓународната јавност, велат од СДСМ.
-
Македонија 02.05.2017 09:42
Продолжуваат протестите на граѓанската инцијатива „За заедничка Македонија“
Никакви заплашувања, закани и навреди нема да нѐ поколебаат. Напротив, ни даваат уште поголема енергија, волја и мотивација за да продолжиме уште похрабри, поенергични и поодлучни, велат од иницијативата „За заедничка Македонија“, најавувајќи дека продолжуваат со протестните маршеви.
-
Македонија 02.05.2017 08:04
Сончево со мала облачност, температура до 30 степени
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне со услови за краткотрајна нестабилност во планинските региони на југозапад.
Утринската температура ќе се движи од четири до 12 степени, а дневната од 19 до 30 степени.
-
Македонија 02.05.2017 08:01
Сообраќајот без застои, опасност од одрони
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
-
Македонија 01.05.2017 19:51
Притворени пет лица за нередите во Собранието
Во Основниот суд Скопје 1 пред судија на претходна постапка денеска е спроведено уште едно лице и прифатен е предлогот за притвор на Основното јавно обвинителство (ОЈО). Судот и на ова лице му определи мерка притвор во траење од осум дена, информираат од Основниот суд Скопје 1.










