СДСМ во пишано соопштение повикува на максимална воздржаност и присебност од секој граѓанин, независно од каква било различност.
-
Македонија 28.04.2017 09:04
-
Македонија 28.04.2017 08:37
Груевски: Го осудувам насилството, институциите да ги откријат виновниците
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски го осуди насилството и ги повика институциите да направат брза и ефикасна истрага и да се откријат виновниците.
-
Македонија 28.04.2017 08:30
Пред Собранието мирно, во протестите повредени над 100 лица
Безбедносната состојба во централното градско подрачје во Скопје, околу и во Собранието од ноќеска по полноќ е нормализирана со воспоставување на нарушениот јавен ред и мир, информира Министерството за внатрешни работи.
Според информациите на МВР, во протестите се повредени 109 лица.
-
Македонија 27.04.2017 23:36
Собранието испразнето, во протестите повредени 42 лица
Полицијата вечерва ја испразни собраниската зграда. Светлата во законодавниот дом се изгаснати. Пред сите влезови има припадници на полицијата, а околу Собранието се поставени метални барикади.
-
Македонија 27.04.2017 22:48
Иванов ги повика лидерите на парламентарните партии на лидерска средба
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов вечерва во обраќањето до јавноста апелира на смиреност и ги повика лидерите на парламентарните партии на лидерска средба утре во неговиот кабинет, со цел да се најде излез од настанатата состојба.
-
Македонија 27.04.2017 22:47
Амбасадата на САД повика на смиреност и воздржување од насилство
Американската амбасада во Македонија вечерва преку соопштение објавено на нејзината фејсбук страница ги осуди денешните случувања во македонското Собрание и повика на смиреност, воздржување од насилство и почитување на правниот поредок.
-
Македонија 27.04.2017 22:04
Могерини и Хан повикаа на смиреност и воздржаност
Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан вечерва преку заедничко соопштение изразија загриженост и ги осудија случувањата во Собранието на Македонија.
-
Македонија 27.04.2017 21:59
МВР: Од Собранието евакуирани 30 пратеници
До 20:43 часот евакуирани се 30 пратеници од страна на припадниците на специјалната единица кои влегоа во Собранието на Република Македонија во 20:27 часот, информираат од МВР.
-
Македонија 27.04.2017 21:26
Претседателот Иванов ќе се обрати до граѓаните во 22 часот
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов вечерва во 22:00 часот ќе се обрати до граѓаните на Република Македонија, соопшти неговиот кабинет.
Обраќањето на претседателот Иванов следува по попладневните случувања во Собранието на Република Македонија.
-
Македонија 27.04.2017 21:05
Груевски: Потребна е смиреност и присебност, ќе се бориме со демократски средства
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски преку социјалната мрежа Фејсбук повика на присебност и смирување на страстите, по случувањата во Собранието.








