Еврокомесарот за проширување и европска соседска политика Јоханес Хан вечерва на Твитер напиша дека ги осудува случувањата во македонското Собрание.
-
Македонија 27.04.2017 20:55
-
Македонија 27.04.2017 19:17
Тензично во и надвор од Собранието
Откако претседавачот Трајко Вељановски го прекина 20. продолжение на Конститутивната седница на Собранието на Република Македонија претениците од СДСМ од ВМРО-ДПМНЕ и албанските партии останаа во пленарната сала.
-
Македонија 27.04.2017 17:13
Продолжуваат протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“
„Зоран Заев да не помислува да оди против народот, против Деловникот и Уставот, бидејќи народот ќе зборува многу погласно отколку сега“ – предупреди попладнево иницијативата „За заедничка Македонија“.
-
Македонија 27.04.2017 17:01
Заев најавува, ВМРО-ДПМНЕ предупредува
Има оформено парламентарно мнозинство кое според Уставот и собранискиот деловник треба да избере нов претседател на Парламентот. Трпението е при крај и тоа може да се случи секој момент,вели лидерот на СДСМ Заев. Нема да дозволиме да бидеме вовлечени во сценариото на ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 27.04.2017 16:14
Петок и сабота потопло, в недела локален дожд
Времето во Македонија утре и задутре ќе биде претежно стабилно, суво и релативно топло за овој период од годината.
Дневната температура утре се очекува да биде за еден до два степена повисока во споредба со просечната за овој период од годината, в сабота за два до четири степени.
-
Македонија 27.04.2017 16:10
Федерација на фармери: Побрза проценка и исплата на штетите
Федерацијата на фармери апелира до надлежните институции, навреме да ја завршат проценката на штетите од пролетните мразеви, и што поскоро да се обесштетат земјоделските производители. Фармерите очекуваат да почне и исплатата на субвенциите.
-
Македонија 27.04.2017 16:03
Продолжи конститутивната седница, нови обвинувања за Тиранската платформа
Стануваме на химната, но потребно е менување на државните симболи и тоа е предвидено во нашата програма- рече пратеникот на БЕСА, Зеќирија Ибрахими. Тој тврди дека сѐ уште не се договориле со СДСМ за заедничко владеење.
-
Македонија 27.04.2017 15:09
Нотарите не ги сакаат адвокатите во постапките
Нотарите не ги сакаат адвокатите во постапките- првиот човек на комората Васил Кузманоски со став дека законските измени не само што ги усложнуваат постапките, туку се поскапи и за граѓаните и за институциите.
-
Македонија 27.04.2017 15:06
За снимките како доказ ќе помагаат и експерти
Надворешни експерти да дадат правно мислење, а дури потоа врховните судии ќе одлучуваат дали прислушуваните разговори може да се користат како докази во судската постапка.
-
Македонија 27.04.2017 15:02
Министерот Јолевски на билатерални средби при посетата на Хрватска
Министерот за одбрана Зоран Јолевски во рамки на посетата на Хрватска оствари повеќе билатерални средби со негови колеги и со високи претставници од ресорните министерства.








