Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ продолжува со протестите. Не сакаме двонационална и двојазична Македонија туку мултиетничка заедничка Македонија, порачаа на синоќешниот собир од граѓанската иницијативата.
-
Македонија 04.04.2017 12:56
-
Македонија 04.04.2017 12:51
СДСМ: Иванов да овозможи мирен трансфер на власта
Иванов да овозможи мирен трансфер на власта, велат од СДСМ. Лидерите и институциите на ЕУ, преку претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск побараа демократски начела, пристојност и здрав разум од Ѓорге Иванов.
-
Македонија 04.04.2017 12:49
ВМРО-ДПМНЕ: Неопходно е обединување околу највисоките национални и државни интереси
На Република Македонија неопходно и е обединување околу највисоките национални и државни интереси. Тоа го нуди Манифестот за единствена Република Македонија, кој го предложи ВМРО-ДПМНЕ во интерес на државата, се наведува во денешното соопштението на партијата.
-
Македонија 04.04.2017 12:35
Во прекин патот Крива Паланка- Куманово поради сообраќајка
Поради сообраќајна несреќа, од 12:00 часот сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка - Куманово кај местото викано „Просеченик“ е во прекин во двата правца.
-
Македонија 04.04.2017 12:12
СЈО: Во тек се проверки поврзани со финансиски истраги за поголем број физички и правни лица
Специјалното јавно обвинителство до различни институции испратило голем број барања заради податоци што се поврзани со предистражни постапки.
-
Македонија 04.04.2017 10:43
Амбасадорот на Албанија во Македонија повикан на средба во МНР
По зачестените навредливи изјави и коментари од официјални лица на Република Албанија, насочени кон Република Македонија и нејзините граѓани, вчера на разговор во Министерството за надворешни работи бил повикан албанскиот амбасадор во земјава.
-
Македонија 04.04.2017 10:38
Локализиран пожарот кај Булачани и Раштак
Пожарот на Скопска Црна Гора во близина до селата Булачани и Раштак е локализиран, но се уште постои можност повторно да избувне поради ветерот и тлеењето на дабот.
Пожарот зафати околу 500 хектари трева и ниско стеблеста шума, при што настрадаа бачило и викендичка.
-
Македонија 04.04.2017 10:22
Сочувство од Димитирев до Медведев по нападот во Санкт Петербург
Претседателот на Владата, Емил Димитриев испрати писмо со сочувство до премиерот на Руската Федерација, Димитриј Медведев по повод терористичкиот акт во Санкт Петербург.
-
Македонија 04.04.2017 08:05
Одбележување на Денот на НАТО
Во организација на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија, а во соработка со македонското Министерство за одбрана, НАТО контакт амбасадите во Македонија и НАТО канцеларијата на која редовно се брифира јавноста за напредокот на РМ во НАТО интегративните процеси, денеска во Скопје ќе биде одбележан Д
-
Македонија 04.04.2017 08:00
Продолжува конститутивната седница на Собранието
Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи конститутивната седница на која се дебатира за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.










