Припадниците на Единицата за брзо распоредување, посебната единица на полицијата добија сертификати за завршена обука за оперативни тактики при употреба на водени топови. Обуката е реализирана со француските колеги.
-
Македонија 07.04.2017 13:01
-
Македонија 07.04.2017 12:57
40-ти ден протести „За заедничка Македонија“
За унитарна Македонија, денеска 40-ти ден граѓаните во земјава ќе протестираат за зачувување на единственоста на Република Македонија. Да се отфрли Тиранската платформа и да се спречат уценувањата од соседна држава- бараат од граѓанската иницијатива „За заедничка Македноија“.
-
Македонија 07.04.2017 12:51
Конститутивната седница продолжува в понеделник
Конститутивната седница на македонското Собрание продолжува в понеделник, откако вчера дебатата стана тензична.
Социјалдемократите побараа веднаш да се избира претседател на Законодавниот дом, додека од ВМРО- ДПМНЕ одговорија дека со тоа би се нарушил собранискиот Деловник.
-
Македонија 07.04.2017 12:50
Гевгелија: На 23-ти април референдум за отворање на рудници за злато на Кожуф
Референдумот за отворање на рудници за злато на Кожуф планина, во реонот на Конска Река, ќе се одржи на 23-ти април, реши вчеравечер Советот на Општина Гевгелија.
Овој датум беше утврден од ДИК, а потребните гласачки ливчиња и списоци ќе бидат подготвени од Општинската комисија.
-
Македонија 07.04.2017 11:31
Иванов за ХТВ: Суштината на платформата од Тирана е да се смени уставното уредување на Македонија
Суштината на платформата е да се смени уставното уредување на Република Македонија. Тоа значи, Македонија од мултиетничко општество и унитарна држава да постане биетничка.
-
Македонија 07.04.2017 10:36
Свето Благовештение- Благовец
Празник на пролетта, празник на радосната вест. Христијаните го слават Светото Благовештение – Благовец, кога Света Марија ја добива радосната вест за зачнувањето на Исус.
-
Македонија 07.04.2017 10:33
Општина Могила отпадната слама ја користи за енергетска ефикасност
Отпадната слама од житните култури општина Могила од зимоска ја користи за затоплување на општинската зграда и едно подрачно училиште.
-
Македонија 07.04.2017 10:32
Светски ден на здравјето
По повод Светскиот ден на здравјето - 7 април, што годинава е посветен на депресијата, Македонското лекарско друштво денеска организира свечен собир, а ЈЗУ Здравствен дом на Скопје ќе постави пункт на плоштад Македонија за информирање на граѓаните за помош при депресија.
-
Македонија 06.04.2017 17:04
Иванов: Не само Македонија, туку и многу други земји не се задоволни од двојните стандарди на ЕУ
Двојните стандарди на либералниот поредок ни го оспорија правото на идентитет и на просперитет, рече претседателот Иванов во обраќањето на сесијата на претседателите на држави на Евроазискиот форум во Истанбул.
-
Македонија 06.04.2017 16:38
Денови на образование и кариера на Скопски саем
Општествени и природни науки, поволности за студирање и можности за вработување. Домашни и странски универзитети со промоција на програмата се обидуваат да привлечат што е можно повеќе студенти.








