Лидерот на Демократската партија на албанците Мендух Тачи пред присутните во Батинци рече дека секогаш е со посебни емоции во овие краишта и дека оваа емоција ќе продолжи во насока на грижата кон нив.
-
Македонија 06.12.2016 15:34
-
Македонија 06.12.2016 14:13
Метео: Утре максимална температура до 12 степени
Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец особено долж Повардарието.
Максималната дневна температура ќе достигне до 12 степени. Во чевтрток ќе има услови за појава на магла, а од петок се очекува потопло време.
-
Македонија 06.12.2016 13:41
Честитка од Иванов до новиот претседател на Австрија, Ван дер Белен
Претседателот Ѓорге Иванов лично и во име на македонските граѓани му го честита на Александер Ван дер Белен изборот за нов претседател на Република Австрија, посакувајќи му успех во извршувањето на функцијата.
-
Македонија 06.12.2016 12:03
РСБСП донираше техничка опрема за потребите на сообраќајната полиција
Со цел поддршка и унапредуваање на работата на сообраќајната полиција Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) обезбеди донација од 35 батериски ламби во вредност од 300.000 денари за потребите на Министерството за внатрешни работи.
-
Македонија 06.12.2016 11:42
Француската амбасада се приклучи кон акцијата „Ден на дрвото“
Амбасадата на Франција се приклучи кон традиционалната акција „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“ што на целата територија на Република Македонија се одржа на 30 ноември годинава.
-
Македонија 06.12.2016 11:17
МВР: Не е најдено ништо сомнително во возилото кај Амбасадата на САД
Министерството за внатрешни работи денеска потврди дека синоќа од Американската амбасада во Скопје било пријавено дека има сомнително возило на паркингот на Амбасадата.
-
Македонија 06.12.2016 08:29
Четири дена до крајот на изборната кампања
На коалициите и на партиите им преостануваат само уште четири дена за планираните предизборни активности.
-
Македонија 05.12.2016 16:42
Иванов во посета на касарната „Јане Сандански“ во Штип
Претседателот и врховен командант на АРМ, Ѓорге Иванов денес во посета на штипската касарна „Јане Сандански“. Тој се запозна со подготвеноста на батаљонот за справување со можните предизвици како бранот на бегалци,кој се очекува во наредниот период.
-
Македонија 05.12.2016 16:38
ОJO поднесе обвинителен акт за полов напад врз дете
Основното јавно обвинителство – Скопје до Основниот суд Скопје 1 поднесе обвинителен акт против едно лице. На обвинетиот му се става на товар дека сторил кривично дело- полов напад на дете што не наполнило 14 години.
-
Македонија 05.12.2016 16:31
Протест поради енормното загадување на воздухот во Скопје
Еколошките организации денеска од 17 часот организираат протест поради енормното загадување на воздухот, пред бараките на администрацијата на Град Скопје.










