Вкупно 503,89 хектари со 2.611.143 милиони садници ќе бидат пошумени со денешната, 17. акција „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“.
-
Македонија 30.11.2016 08:13
-
Македонија 29.11.2016 16:22
ДУИ: Консензус за економските прашања
На овие избори едно од петте ветувања на ДУИ и истовремено еден од условите за формирање на идната Влада е решавањето со консензус за економски прашања, рече Ејуп Алими, носителот на листа на оваа партија во изборната единица 2.
-
Македонија 29.11.2016 16:07
Коалиција за промени и правда: Квалитетен живот за сите граѓани
Главна цел на Коалицијата за промени и правда е квалитетен живот на сите граѓани во Македонија, правна и економски успешна држава, во која на секој граѓанин му е дадена можност за индивидуален развој и активно учество во општеството, порача лидерот на Демократскиот сојуз и носител на листата во п
-
Македонија 29.11.2016 16:05
Груевски: Потребен ни е економски напредок, а не делби
Ќе отвориме 70.000 нови работни места, а невработеноста од 24 ќе ја намалиме на 17 насто, ќе ги зголемиме платите и пензиите за 10, а социјалната помош за 50 насто, ова пред Велешани го вети лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
-
Македонија 29.11.2016 16:02
Заев: Добри економски и стабилни политики за напредок
За да има напредок се потребни добри економски и стабилни политики со одговорна влада за потребата на граѓаните, порача лидерот на СДСМ и носител во четвртата изборна единица, Зоран Заев на митингот во Кавадарци.
-
Македонија 29.11.2016 16:00
Тачи: Гласот за малите партии е изгубен глас
Лидерот на ДПА, Мендух Тачи пред членовите и симпатизери во Велешта ја претстави политичката платформа со која ќе настапат на предвремените парламентарни избори на 11-ти декември. Повикувајќи ги присутните да гласаат за неговата партија, Тачи истакна дека гласот за малите партии е изгубен глас.
-
Македонија 29.11.2016 13:35
Укинати сите забрани за тешки товарни возила поради снегот на патиштата
Во 13:10 часот денеска е укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар– Стража– Кичево, информира Диспечерскиот центар на ЈП „Македонија пат“.
Претходно, околу пладне, беа укинати забраните за камиони на патот Гостивар– Маврово– Дебар и Ѓавато.
-
Македонија 29.11.2016 13:16
СОНК: Ги одбранивме правата на работниците
Откако министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска- Ременски, испрати допис во кој појасни дека нема промена на работно време во градинките, од СОНК велат дека успеале да ги одбранат правата на работниците.
-
Македонија 29.11.2016 13:11
Укината забраната за камиони на патот Гостивар-Маврово-Дебар
Во 12:30 часот денеска е укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патот Гостивар – Маврово – Дебар, информира Автомото сојузот на Македонија.
Се уште е во сила забраната за камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево.
-
Македонија 29.11.2016 13:02
Метео: Студено време, ниски утрински температури
Утре во Македонија ќе преовладува сончево и студено време со умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер.
Во наредниот период се очекува претежно стабилно време со значително ниски утрински температури, додека дневните ќе бележат благ пораст.










