Студен бран ја зафати земјава- најстуден град во земјава изутрината беше Берово со -16 степени, потоа Крива Паланка со -11, Лазорополе и Маврово со -10, Крушево и Битола со -9. Во Скопје е измерен -1 целзиусов степен.
-
Македонија 01.12.2016 10:03
-
Македонија 01.12.2016 08:02
Продолжува изборната кампања
Политичките партии денеска, на единаесеттиот ден од изборната кампања за предвремените парламентарни избори, ќе ги претстават своите програми на средби со граѓани и на митинзи низ Македонија.
-
Македонија 30.11.2016 16:48
Трајанов: За да се зачуваат шумите потребна е гасификација на Македонија
Коалицијата за промени и правда ќе работи на заштита на животната средината, на обнова и зголемување на шумските коплекси, заштита на водните ресурси и поттикнување на руралниот развој, порачуваат дека имаат мерки и проекти во програмата за намалување на загаденоста.
-
Македонија 30.11.2016 16:11
Претседателот Иванов се сретна со надлежните за превенирање и справување со кризи
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска одржа работна средба со раководителите на субјектите задолжени за превенција и справување со кризната состојба, намалување на ризикот од терористички напади и обезбедување за одржување на изборите.
-
Македонија 30.11.2016 16:02
Коалицијата за промени и правда на средба со граѓаните во Гази Баба
Враќање на позорникарите, формирање една изборна единица, кратење на бројот на државните агенции и регулаторни тела, борба со корупцијата и носење на пакет на закони со кои што ќе треба да се подобри економскиот стандард на граѓаните, најавуваат од Колацијата за промени и правда.
-
Македонија 30.11.2016 15:49
Ахмети: ДУИ ќе продолжи да биде чувар на албанското прашање во Македонија
Демократската унија за интеграција ќе продолжи да биде чувар на албанското прашање во Македонија, порача од Преспа, лидерот на ДУИ Али Ахмети.
-
Македонија 30.11.2016 15:26
Груевски: 63 пратенички места- гаранција дека кризата нема да продолжи
Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја претстави програмата „Реално 2017- 2020“ пред граѓаните во Гостивар и Тетово, а беа промовирани и кандидатите за пратеници од овој крај.
-
Македонија 30.11.2016 15:23
Заев: Секој граѓанин е битен, едаквост и правда за сите
Ќе ги вратиме идеалите на човекот чие име го носи овој град, Гоце Делчев, дека Македонија ќе биде поле за натпревар на идеи во која сите ќе бидат рамноправни.
-
Македонија 30.11.2016 15:21
ДПА ја претстави програмата во Боговиње
Лидерот на ДПА и носител на листа во изборната единица 6, Мендух Тачи на митингот на партијата во Боговиње, Тетовско порача дека ќе бараат во идната влада да има само еден вицепремиер, кој ќе има право на вето на одлуките на владата.
-
Македонија 30.11.2016 15:18
„Југохром“: Сите вработени и во декември остануваат на работа
Вработените во „Југохром“ нема да останат на улица, и во декември ќе работат- најави директорот Скендеровски. Фабриката најверојатно ќе биде затворена до крајот на месец април, односно додека не бидат изградени потребните објекти за намалување на загадувањето на Тетово и тетовско.










