Вкупно 503,89 хектари со 2.611.143 милиони садници ќе бидат пошумени со утрешната, 17-та акција „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“.
-
Македонија 29.11.2016 10:48
-
Македонија 29.11.2016 10:45
Најмногу снег во Маврово, забрана за тешки товарни возила кај Ѓавато, Стража и Маврово- Дебар
Најмногу снег ноќеска падна во маврово. Се формира покривка од 10 сантиметри. Снег има и во Крушево и во Берово, Лазарополе и Крива Паланка. Снег има и во Демир Капија.
-
Македонија 29.11.2016 10:38
ДИК: Право на глас имаат 1.784.416 граѓани
1.784.416 граѓани се запишани во единсвтениот избирачки список за претстојните собраниски избори- соопшти ДИК. Од нив, во дипломатско- конзуларните претставништва ќе гласаат 20.573 гласачи.
-
Македонија 29.11.2016 08:49
Забрана за камиони на Стража и Маврово-Дебар
Забрани за тешки товарни возила има на патните правци Гостивар-Маврово-Дебар, Гостивар-Стража-Кичево и обратно, информира Автомотосојузот на Македонија во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
-
Македонија 29.11.2016 08:46
Продолжува изборната кампања
Политичките партии денеска, на деветтиот ден од изборната кампања за предвремените парламентарни избори, ќе ги претстават своите програми на средби со граѓани и на митинзи низ Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе одржат митинзи во Гостивар и во Тетово.
-
Македонија 28.11.2016 16:20
Продолжуваат превирањата во ССМ
Новиот ВД претседател Дарко Димовски, тврди дека неговиот избор за лидер на ССМ е легитимен, затоа што бил избран едногласно од присутните членови на Советот. Очекува Централниот регистар да го спроведе решението на Министерството за труд и да го потврди изборот.
-
Македонија 28.11.2016 16:05
Подготвително рочиште за случајот „Тврдина“
Повеќе од два часа во Кривичниот суд траеше подготвителното рочиште за случајот „Тврдина“. Според одбраната и според судијката, доказите на Специјалното јавно обвинителство наведени во обвинителниот акт треба да се офрлат, бидејќи се класифицирани и за нивна употреба потребна е дозвола од УБК.
-
Македонија 28.11.2016 16:01
Коалиција за промени и правда: Поефикасно и побрзо судство
Правните реформи кои досега се спроведоа во насока на независноста на судството се покажаа недоволни и неефикасни за ослободување на судството од партиските влијанија, оценуваат од Коалицијата за промени и правда.
-
Македонија 28.11.2016 15:54
Груевски: Народот прави разлика меѓу лажни ветувања и реални проекти
ВМРО– ДПМНЕ и Коалицијата за промени на централниот митинг во Скопје ја претставија политичката програма, и се обратија носителите на листи во сите изборни единици.
-
Македонија 28.11.2016 15:37
Заев: 140 милиони евра за помош на домашните фирми
Без оглед на разликите меѓу нас, се обединивме во Коалиција за живот која се стреми да победи- беше кажано на митингот на опозициската коалиција предводена од СДСМ на митингот во Велес, кој е во третата изборна единица.










