Во текот на утрешниот ден во Македонија ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со слаб на места умерен ветер од северен правец.
-
Македонија 14.11.2016 13:12
-
Македонија 14.11.2016 13:04
Одложено судењето на Павле Богоевски
378 илјади денари чини реновирањето на фасадата на Министерството за култура која беше бојосана по протестот на Шарената револуција.
-
Македонија 14.11.2016 11:40
Иванов му го честита на Радев изборот за претседател на Бугарија
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов упати честитка до Румен Радев по повод изборот за нов претседател на Република Бугарија, соопшти кабинетот на македонскиот престедател.
-
Македонија 14.11.2016 10:34
Светски ден на дијабетесот: Предупредување за тивкиот убиец
Расте бројот на заболени од тивкиот убиец во Македонија. Во земјава има околу 185 илјади луѓе заболени од дијабетес, или околу 12 насто од целата популација, покажува истражувањето на здружението „Був“, кое се занимава со истражување на оваа област.
-
Македонија 14.11.2016 10:31
Продолжува судењето на Богоевски
Продолжува судењето на Павле Богоевски, активист на „Шарена револуција“, кое минатиот месец беше одложено.
Богоевски се товари за учество во толпа што извршила кривично дело. Тој на минатото рочиште се изјаснил за невин.
-
Македонија 14.11.2016 10:29
Искршено стакло од возило на делегација на ДУИ
Вчера група граѓани се собрале на влезот на кумановското село Черкези, револтирани од лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Собирот бил организиран од семејството на убиениот Џемаил Реџепи. Било скршено стаклото на едно од возилата со кое пристигнала делегацијата на ДУИ.
-
Македонија 14.11.2016 10:26
Дијаспората ќе гласа за три пратеника
Најверојатно ќе се гласа за три пратеника во дијаспората. За тоа се потребни речиси 20 илјади гласа. Државната изборна комисија на седница ги разгледуваше кандидатските листи на шест политички субјекти, кои им беа вратени на доработка поради констатирани неправилности.
-
Македонија 14.11.2016 10:21
Хуманитарна акција „Од народ за народ“
Прилепчанката Паре Арапческа подготвена е да помогне, дарувајќи ги предметите од домот кои не ги користи, а имаат уште долг век на траење.
Облека, електрични апарати, мебел, покуќнина. Прилепчани подготвени да дадат за друг да има корист од тоа. Ниту дождот не е пречка.
-
Македонија 14.11.2016 08:26
Од утре обврска за зимска опрема во возилата
Од утре, 15-ти ноември, во сила стапува законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед каква е временската состојба во моментот, информира Автомотосојузот на Македонија. Обврската ќе трае до 15 март 2017 година.
-
Македонија 14.11.2016 08:23
Утрово најстудено во Маврово, Берово и Крушево
Маврово, Берово, Крушево, Ѓуриште, Тополчани, Крива Паланка, Лазарополе и Пожаране утрово имаа температури под нулата.










