Државната изборна комисија на вчерашната седница ги прифати целосно кандидатските листи на пет, а делумно на еден политички субјект, кои им беа вратени на доработка поради констатирани неправилности.
-
Македонија 14.11.2016 08:09
-
Македонија 12.11.2016 09:21
Партиите ги доставија листите за изборите на 11-ти декември
Истече рокот за доставување кандидатски листи за пратеници за претстојните предвремени парламентарни избори до Државната изборна комисија.
-
Македонија 11.11.2016 16:33
Заев најави генерален реизбор на судиите
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев најави генерален реизбор на судиите во државава по изборите. Ниеден судија нема повеќе да си дозволи да осудува невини, вели Заев, додавајќи дека реизборот ќе бил по критериуми што во повеќе земји давале позитивни резултати.
-
Македонија 11.11.2016 16:02
Коалицијата „За подобра Македонија“ потпиша декларација за заеднички настап на изборите
Потпишана декларацијата „Македонија 2020“. Лидерите на 25 политички партии од Коалицијата за подобра Македонија се обврзаа на фер и демократски изборен циклус. Лидерот Никола Груевски соопшти дека тој и партнерите ќе водат позитивна изборна кампања.
-
Македонија 11.11.2016 15:50
Истекува рокот за доставување на кандидатските листи
На полноќ истекува рокот за доставување на кандидатските листи од независни кандидати и од политичките партии кои ќе се натпреваруваат да ја освојат довербата на електоратот на вонредните парламентарни избори, закажани за 11-ти декември.
-
Македонија 11.11.2016 15:24
Оценки: Извештајот на ЕК реален, треба да се работи на реформските приоритети
Извештајот на Европската комисија е очекуван, реален и коректен, тоа што го очекувавме тоа и го добивме вели вицепремерот за економски прашања Арбр Адеми. Според него позитивен чекор е тоа што Македонија доби препорака имајќи ги предвид околностите со кои се соочува земјата.
-
Македонија 11.11.2016 15:10
Интеграциите ќе ги подобрат меѓуетничките односи
Различни според религијата, националноста и возраста, исти според определбата за членство во НАТО и во Европската унија.
-
Македонија 11.11.2016 15:01
Партиите се против насилство на изборите, но сѐ уште не го потпишале Кодексот
Без превенција од насилство на изборите нема да има фер, демократски и кредибилни избори, предупредува членот на ДИК, Субхи Јакупи. Според досегашните искуства надлежните нерегуларности се прават пред одржување на изборите, но многу повеќе на денот на гласањето.
-
Македонија 11.11.2016 14:47
Заев најави генерален реизбор на судиите по 11-ти декември
Лидерот на СДСМ, Заев најави генерален реизбор на сите судии во државата, доколку партијата победи на изборите.
-
Македонија 11.11.2016 13:54
Истекува рокот за кандидатските листи
На полноќ истекува крајниот рок, до кога политичките партии и независните кандидати треба да ги достават кандидатските листи. Од Државната изборна комисија велат дека досега официјално никој не доставил листи.










