Продолжува судењето на Павле Богоевски, активист на „Шарена револуција“, кое минатиот месец беше одложено.
Богоевски се товари за учество во толпа што извршила кривично дело. Тој на минатото рочиште се изјаснил за невин.
Продолжува судењето на Павле Богоевски, активист на „Шарена револуција“, кое минатиот месец беше одложено.
Богоевски се товари за учество во толпа што извршила кривично дело. Тој на минатото рочиште се изјаснил за невин.
Вчера група граѓани се собрале на влезот на кумановското село Черкези, револтирани од лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Собирот бил организиран од семејството на убиениот Џемаил Реџепи. Било скршено стаклото на едно од возилата со кое пристигнала делегацијата на ДУИ.
Најверојатно ќе се гласа за три пратеника во дијаспората. За тоа се потребни речиси 20 илјади гласа. Државната изборна комисија на седница ги разгледуваше кандидатските листи на шест политички субјекти, кои им беа вратени на доработка поради констатирани неправилности.
Прилепчанката Паре Арапческа подготвена е да помогне, дарувајќи ги предметите од домот кои не ги користи, а имаат уште долг век на траење.
Облека, електрични апарати, мебел, покуќнина. Прилепчани подготвени да дадат за друг да има корист од тоа. Ниту дождот не е пречка.
Од утре, 15-ти ноември, во сила стапува законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед каква е временската состојба во моментот, информира Автомотосојузот на Македонија. Обврската ќе трае до 15 март 2017 година.
Маврово, Берово, Крушево, Ѓуриште, Тополчани, Крива Паланка, Лазарополе и Пожаране утрово имаа температури под нулата.
Државната изборна комисија на вчерашната седница ги прифати целосно кандидатските листи на пет, а делумно на еден политички субјект, кои им беа вратени на доработка поради констатирани неправилности.
Истече рокот за доставување кандидатски листи за пратеници за претстојните предвремени парламентарни избори до Државната изборна комисија.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев најави генерален реизбор на судиите во државава по изборите. Ниеден судија нема повеќе да си дозволи да осудува невини, вели Заев, додавајќи дека реизборот ќе бил по критериуми што во повеќе земји давале позитивни резултати.
Потпишана декларацијата „Македонија 2020“. Лидерите на 25 политички партии од Коалицијата за подобра Македонија се обврзаа на фер и демократски изборен циклус. Лидерот Никола Груевски соопшти дека тој и партнерите ќе водат позитивна изборна кампања.