Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ останаа на ставовите кои што ги кажаа во однос на барањата на Специјалното јавно обвинителство, а тоа е дека нема да прифати никакво разгледување на какви било барања на Специјалното јавно обвинителство од неколку причини, изј
-
Македонија 04.10.2016 14:31
-
Македонија 04.10.2016 14:26
Метео: Утре сончево и свежо
Утре во Македонија ќе преовладува сончево и свежо време со умерена облачност и на места со појава на повремен слаб локален дожд.
Ќе дува и засилен северен ветер особено долж Повардарието и на исток.
Во Скопје температурата ќе достигне до 15, а на југоисток до 22 степена.
-
Македонија 04.10.2016 13:28
Земјотрес од 3,1 степен според Рихтер почувствуван во Скопје и околината
Земјотрес со магнитуда од 3,1 степен според Рихтеровата скала беше почувствуван попладнево во 12 часот и 52 минути во Скопје и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет.
-
Македонија 04.10.2016 13:04
Почувствуван земјотрес во Скопско
Околу 12 часот и 52 минути во Скопско е почувствуван земјотрес со магнитуда од 2,7 степени според Рихтер, покажуваат податоците на Европската сеизмолошка опсерваторија.
Земјотресот бил со епицентар на 5 километри североисточно од Скопје, на длабочина од 5 километри.
-
Македонија 04.10.2016 12:51
Собранието не ги усвои предлозите за измена на законот на СЈО и за заштита на сведоци
Во Собранието, парламентарното мнозинство гласаше против донесувањето на измени на законите за СЈО и за заштитени сведоци во итна постапка. Шилегов од СДСМ побара поддршка за усвојување, поради како што рече, надминување на двегодишната политичка криза.
-
Македонија 04.10.2016 12:33
Јолевски- Катич: Поддршка од Словенија за евро-атлантските интеграции на Македонија
Словенија дава безрезервна поддршка за македонските евроинтегративни процеси. Министерката за одбрана Катич потенцира дека Македонија одигра клучна улога во однос на бегалската криза.
-
Македонија 04.10.2016 10:34
Армиските ренџери на подготовки на Криволак
Припадниците на ренџерската чета од Полкот за специјални операции на армискиот полигон Криволак се подготвуваат за НАТО оценувањето, кое ќе се изврши во текот на неделава за време на вежбата „Македонски блесок“.
-
Македонија 04.10.2016 10:23
Продолжува судскиот процес за случајот „Диво насеље“
Продолжува судскиот процес против терористите со кои лани во Куманово се справи Министерството за внатрешни работи. Рочиштето што денеска треба да се одржи во просториите на Врховниот суд, поради големиот интерес е отворено за јавноста.
-
Македонија 04.10.2016 10:12
Дождот ќе ја успори работата на земјоделците
Долгото топло и суво време и сончевите денови овозможија некои култури дури и предвреме да созреат, да има поголеми приноси и земјоделците да го собератна останатиот дел од реколтата.
-
Македонија 04.10.2016 08:48
Измените на законите за СЈО и заштита на сведоци на собраниска седница
За денеска е закажана собраниска седница на чиј дневен ред се предлог измените на законите за Специјалното јавно обвинителство и за заштитените сведоци, поднесени од пратеничката група на СДСМ.










