Магистралниот пат А-3, Ресен-Битола-Прилеп, кај Битола, поради одрони на патот, е затворен за сообраќај. Сообраќајот се пренасочува низ градот Битола.
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по суви коловози, соопшти утрово АМСМ.
Магистралниот пат А-3, Ресен-Битола-Прилеп, кај Битола, поради одрони на патот, е затворен за сообраќај. Сообраќајот се пренасочува низ градот Битола.
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по суви коловози, соопшти утрово АМСМ.
Продолжува серијата земјотреси во скопското епицентрално подрачје. Последниот потрес што синоќа пред 20 часот го регистрира Сеизмолошката опсерваторија на Природно- математичкиот факултет беше со магнитуда од четири степени според Рихтеровата скала.
Македонија е една од ретките земји во регионот која има услови за производство на луцерка со 5 до 7 реколти во текот на една година.
Околу 500 јавувања за пријава на штети на објектите во серијата земјотреси во скопскиот регион, што почнаа од завчера изутрината, се регистрирани досега во Центарот за управување со кризи.
Шести ден трае проблемот кај земјиштето спроти Министерството за надворешни работи. Сѐ уште се санираат штетите. Екипата на МТВ не можеше да провери дали инвеститорот го обезбеди земјиштето и околните градби, што беше наложено од инспектор.
Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд во планинските подрачја.
Дневната температура ќе достигне до 30 степени.
Нов земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала го потресе Скопско во 14 часот и 19 минути. Епицентарот бил девет километри североисточно од Скопје, во близина на Црешево, на длабочина од пет километри. Серијата потреси во околината продолжува.
Да се смести детето во градинка е како лото добивка. Со месеци па и повеќе од една година се чека на листите во Прилеп. Родителите на големи маки.
Додека Министерството за правда го смислува решението за 6-тата изборна единица каде има вишок на гласачи од предвидениот број, експертите велат за такво техничко прашање нема причина изборите да се одложат.
На првиот ден од Курбан Бајрам кај муслиманските верници традиционалната баклава се наоѓа на трпезата. Таа е симбол на величината на милостивоста и солидарноста, со желби за добро здравје, разбирање и благосостојба.