• Македонија 26.07.2016 16:53

    53 години од скопската трагедија

    Наместо во изгрејсонце градот се разбуди во рушевини. И после 53 години јулскиот ужас, останува белег во душите на илјадници поколенија.

    „Морам да признаам, долги години поминаа- јас се трудев потсвесно да не се сеќавам на тој момент“, вели Мојсо Мојсовски.

  • Македонија 26.07.2016 15:20

    94.000 осигуреници направиле превентивни прегледи

    Во првата половина од годинава, околу 94.000 осигуреници направиле превентивни прегледи за трите најчести заболувања- кардиоваскуларните, бубрежните и дијабетесот. Раната превенција, велат од Фондот за здравство, спасува животи.

  • Македонија 26.07.2016 15:03

    Вељаноски- Орав: Брза имплементација на договореното

    „Брза имплементација на договореното, за Македонија да се посвети на евроатланската интеграција и поскоро да ги започне преговорите за членство во Европската унија“- порачал евроамбасадорот Аиво Орав на својата проштална средба со претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.

  • Македонија 26.07.2016 14:34

    ДИК го објави списокот со спорни 39.502 граѓани

    Државната изборна комисија соопшти дека на својата веб-страница www.sec.mk го објави списокот на 39.502 граѓани чии записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно за кои има несовпаѓање на податоците за граѓаните предмет

  • Македонија 26.07.2016 14:17

    Условот за најмалку 3,5 просек на Спортската академија ќе важи од наредната учебна година

    Условот од 3,5 просек за Спортската академија ќе важи од следната учебна година- измените се усвоени во Собранието. Околу 120 ученици во текот на учебната година не успеаа да го обезбедат очекуваниот просек, кој во август минатата година беше законски регулиран.

  • Македонија 26.07.2016 14:01

    Жерновски даде исказ во Специјалното јавно обвинителство

    Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски даде исказ во Специјалното јавно обвинителство кое пред неколку месеци отвори истражно досие за проектот „Скопје 2014“.

    Тој пред обвинителите како што рече доставил извештаи од ревизијата во врска со проектот „Скопје 2014“.

  • Македонија 26.07.2016 13:55

    Метео: Утре сончево со умерена облачност

    Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец.

    Попладне не е исклучена можноста за ретка појава на краткотарен дожд со грмежи особено во западните и југозападните подрачја.

  • Македонија 26.07.2016 13:18

    Акредитација за лабараториите на МВР

    Одделот за криминалистичко- технички испитувања и вештачења доби сертификат за акредитација. Ова значи потврда на компетентноста, повисока доверба во лабараториските резултати, стандардизацијата на методите за анализа и вештачење на доказниот материјал со светските практики, велат од МВР.

  • Македонија 26.07.2016 12:57

    Нова средба на работните групи од политичките партии

    Работните групи и денеска треба да продолжат со работа. Доколку постигнат конечен договор, предлог- законите веднаш ќе бидат пратени до Собранието.

  • Македонија 26.07.2016 10:46

    Јолевски- Џонс: Потврдена одличната одбранбена соработка со САД

    Министерот за одбрана Зоран Јолевски, кој престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави, оствари средба со генералот Џим Џонс, поранешен советник за национална безбедност на претседателот Барак Обама и командант за Европа на Алијансата.

Pages