Претседателот Ѓорге Иванов попладнево соопшти дека донел одлука да ги поништи и преостанатите решенија за помилување што беа донесени на 12 април.
-
Македонија 06.06.2016 19:00
-
Македонија 06.06.2016 17:01
Акција на МВР: Вработени во Економскиот факултет осомничени за примање поткуп
Во кампусот на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во тек е полициска акција.
-
Македонија 06.06.2016 16:14
Неоснован е предлогот за импичмент на Иванов
Со шест гласови „за“ и четири „против“, собраниската комисија оцени дека е неоснован предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот, Ѓорге Иванов.
-
Македонија 06.06.2016 15:49
Оер: Политичката криза се одразува на евроинтеграциите
Политичката криза не ги запира напорите на земјава за продолжување на евроинтегративните процеси, тврди вицепремиерот за европски прашања Адеми.
„Правиме максимални напори да се отстрани секоја пречка во нашиот евроинтегративен пат“, изјави вицепремиерот Арбр Адеми.
-
Македонија 06.06.2016 15:16
Метео: Претпладне сончево, попладне локална нестабилност и пороен дожд
Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со мала облачност, попладне се очекува локална нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи особено во југоисточните делови.
-
Македонија 06.06.2016 15:12
Дијабетес: Пациентите бараат поквалитетен инсулин
Родителите на децата болни од дијабетес бараат воведување нови видови инсулин. Велат, еден од нив веќе е тестиран на детската клиника, има 72 часовно дејство и се покажал квалитетен. Со него ќе се намалат и бројот на боцкањa кај децата.
-
Македонија 06.06.2016 15:06
Предлогот за импичмент е неоснован
Собраниската комисија за утврдување на иницијативата за импичмент на претседателот со мнозинство гласови, шест, утврди дека предлогот за поведување постапка за утврдување одговорност не е основан и дека претседателот ги извршувал своите надлежности согласно со Уставот и со законите.
-
Македонија 06.06.2016 15:03
Почна судењето за случајот „Диво насеље“
Во големата сала на Врховниот суд денеска, по неколку одложувања почна судењето на обвинетите во предметот „Диво насеље“. Обвинетите тврдат дека не подготвувале терористички напади и дека не познаваат никого од помагачите.
-
Македонија 06.06.2016 13:12
Грчки навивачи малтретирале вработен на бензинска на „Лукоил“
Навивачи на грчкиот клуб „Олимпијакос“ вчера околу 11 часот на бензинската пумпа на „Лукоил“ кај Куманово без повод и причина, физички го нападнале вработениот Ј.А. (35), соопшти денеска МВР.
-
Македонија 06.06.2016 11:11
Екстерно тестирање од утре до 11-ти јуни
Екстерното проверување на постигнувањата на учениците за учебната 2015/2016 година во јунската сесија ќе се спроведува од утре до 11 јуни.










