Судската администрација и денеска е во штрајк. Бара зголемување на додатоците на платата. Синдикатот на УПОЗ најави можност да поднесе кривична пријава против првиот човек на Кривичниот суд, бидејќи сметаат дека вршеле притисоци врз вработените, да не излезат на штрајк.
-
Македонија 19.05.2016 14:30
-
Македонија 19.05.2016 14:27
Градинката „Гоце Делчев“ со нови простории
Во Илинден е отворен нов дел од градинката Гоце Делчев, со што ќе има можност да бидат згрижени 170 деца. Инвестицијата е вредна 17 милиони денари.
-
Македонија 19.05.2016 13:16
Одложено рочиштето за „Диво насеље“
Одложено е рочиштето за случајот „Диво насеље“, во кое 37- мина се осомничени за тероризам.
Според судијката, нема просторија што ќе ги исполни сите технички и безбедносни услови, во кои би се одвивало судењето.
-
Македонија 19.05.2016 13:10
Холандија: Сите страни да се ангажираат за излез од македонската политичка криза
Во посета на Македонија се очекува да пристигне и генералниот секретар за европска соработка, Роберт Де Хроут. Најавени се средби со министерот за надворешни работи Попоски и со лидерите на четирите поголеми политички партии.
-
Македонија 19.05.2016 13:03
Брисел: Да се почитува договорот од Пржино
„Политичките лидери да се фокусираат и да го почитуваат договорот од Пржино“- Брисел со порака за земјава. Бара реформи, дијалог и враќање на евро-атлантскиот пат.
-
Македонија 19.05.2016 12:05
Чавков ја презеде должноста од Спасовски
Во Министерството за внатрешни работи денеска беше извршено примопредавање на должноста министер за внатрешни работи.
Новиот министер за внатрешни работи Митко Чавков го презеде кабинетот од претходниот министер Оливер Спасовски.
-
Македонија 19.05.2016 11:42
Собранието ќе расправа за законите за помилување и заштита на приватноста
Координаторите на пратеничките групи на ВМРО- ДПМНЕ и на ДУИ, поднесоа предлог за измени и дополнувања на шест закони. Ќе се разгледуваат на денешното пленарно заседание закажано за 14 часот.
-
Македонија 19.05.2016 10:07
Концесија за рекреативен риболов
Концесијата за организирање на рекреативен риболов на „Акумулација Градче“ се доделува за период од шест години.
Право на учество на Јавниот повик имаат домашни и странски правни лица и рибарските здруженија.
-
Македонија 19.05.2016 09:46
УКИМ одбележува 67 години од основањето
Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ денеска ќе одбележи 67 години од основањето - со молебен пред споменикот на браќата просветители на универзитетскиот кампус, доделување плакети и награди и вечер со свечена академија и концерт во МНТ на кој како солист ќе настапи виолинистот Стефан Миленковиќ
-
Македонија 19.05.2016 08:44
Хајндл повторно во Скопје на средби со политичките лидери
Специјалниот пратеник на Германија за Македонија Јоханес Хајндл денеска и утре ќе престојува во Скопје на средби со потписниците на Договорот од Пржино и претставници на меѓународната заедница, соопшти Германската амбасада.










