Американската амбасада во Скопје ја коментираше одлуката на Уставниот суд.
-
Македонија 18.05.2016 15:41
-
Македонија 18.05.2016 15:32
Поблиска соработка за поефикасно справување со предизвиците од мигрантската криза
Мигрантскта криза е прашање кое никој самостојно не може да го решава, а тоа доведе до поблиска соработка меѓу државите со цел поефикасно да се борат со овој заеднички предизвик.
-
Македонија 18.05.2016 15:23
Димитриев ги предложи Чавков и Спасов на местата на Спасовски и Ременски
Претседателот на Владата за спроведување на изборите Емил Димитриев денеска до Собранието на Република Македонија ги достави оставките на министрите за внатрешни работи и труд и социјална политика Оливер Спасовски и Фросина Ташевска Ременски, како и на дополнителните заменици - министри од редови
-
Македонија 18.05.2016 15:14
Од „јазлеста кожа“ заболени 62 говеда, сомнителни 829
Заклучно со денеска, вкупно 62 говеда се заболени од „јазлеста кожа“, а афектирани или сомнителни се 829, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.
-
Македонија 18.05.2016 15:10
Метео: Утре сончево, од петок нови врнежи од дожд
Утре во Македонија ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умеренаоблачност и со слаб до умерен јужен ветер.
Во петок и сабота се очекуваат нови врнежи од дожд и пониски температури.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
-
Македонија 18.05.2016 15:08
Хојт Брајан Ји на средби со политичките лидери
Заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа и Азија, Хојт Брајан Ји, пристигна во Македонија. На одвоени средби разговараше со лидерите на ДУИ и на ДПА, Ахмети и Тачи.
-
Македонија 18.05.2016 14:48
Судската администрација бара повисока плата
Судската администрација штрајкува. Бара повисоки примања за 35 проценти. Велат дека сега се вршат само неопходните работи - итни предмети и издавање уверенија за странци или за вработувања.
-
Македонија 18.05.2016 14:38
Случај „Ќелија“: Казни затвор од 2 до 4,5 години
Затворски казни од две до четири години и шест месеци добија петтемина обвинети во случајот „Ќелија“ за „учество во странска војска, полиција, паравоена или параполициска формација“. Судот зел предвид дека обвинетите се млади луѓе. Дел од нив семејни.
-
Македонија 18.05.2016 14:01
Предложено одложување на изборите без нов датум
Претседателот на Собранието во 16 часот закажа собраниска седница.
-
Македонија 18.05.2016 13:26
Кривична пријава за Виничанец, тргувал со марихуана
Полицијата поднесе кривична пријава против 59 годишен Виничанец под сомнение дека неовластено тргувал со марихуана.
При претрес во неговиот дом се пронајдени над 14 килограми дрога и артефакти за кои подоцна е утврдено дека немаат културно историска вредност.










