Вторник, 24 мај, Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“ е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
-
Македонија 18.05.2016 12:03
-
Македонија 18.05.2016 11:42
Затвор од две до 4,5 години за обвинетите во случајот „Келија“
Скопскиот Кривичен суд им изрече затворски казни на петтмината обвинети во случајот „Ќелија“. На Иса Фуга му е одредена затворска казна од 4 и пол години, Абдула Абдулахим доби 3 години и едем месец, Ерол Рустеми 4, Имери Мухамеди и докторот Стефан Стефановски добија 2 години робија.
-
Македонија 18.05.2016 10:33
Петмина членови на ДИК упатија писмо до Вељаноски
Петмина членови на Државната изборна комисија упатија писмено известување до претседателот на Собранието Вељаноски дека на изборите на 5-ти јуни ќе има само една кандидатска листа.
-
Македонија 18.05.2016 10:25
Пресуда за петмина обвинети во случајот „Ќелија“
Во скопскиот кривичен суд треба да бидат соопштени пресудите за уште 5-мина обвинети во случајот „Ќелија“ кои завчера ја признаа вината дека регрутирале лица за боиштата во Сирија.
Обвинителот, за сите побара затворски казни, а одбраната поблаги санкции.
-
Македонија 18.05.2016 10:15
Оглас за закуп на државно земјиште во Струмица
Понудените површини се наменски за подигање на долгогодишни насади на лозја, овоштарници или хмељ и за изградба на оранжерии.
Времетраењето на закупот е до 30 години.
-
Македонија 18.05.2016 10:10
Уставен суд донесе времена мерка за запирање на сите изборни дејства
Уставниот суд едногласно ја ја прифати иницијативата на ДУИ, за оценка на уставноста на Oдлуката за распуштање на Собранието.
-
Македонија 18.05.2016 08:31
Уставен суд ќе расправа за распуштањето на Собранието
Уставниот суд денеска ќе ја разгледува Иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија.
Иницијативата, која е поднесена од пратеникот на ДУИ Талат Џафери, е единствена точна на дневен ред на седницата.
-
Македонија 18.05.2016 08:25
Хојт Ји во посета на Македонија
Американскиот заменик – помошник државен секретар за Европа и Азија, Хојт Брајан Ји, денеска доаѓа во Македонија.
-
Македонија 17.05.2016 16:19
Гарет: Непристрасното известување важно и за тековната ситуација и за во иднина
„Слушнав дека сѐ оди мошне добро – тоа е знак за непристрасното емитување на вестите што е важно и за тековната ситуација и за во иднина“- ова е впечатокот на британскиот амбасадор, Чарлс Гарет кој денеска беше во посета на Македонската радио-телевизија.
-
Македонија 17.05.2016 16:12
ЕК: Нема услови за кредибилни избори на 5-ти јуни
Откако три од четирите најголеми партии во земјата не поднесоа кандидатски листи до ДИК, ние проценуваме дека нема услови за кредибилни избори- ова е ставот на Европската Комисија, истакна портпароката Маја Коцијанчич, упатувајки ги политичките лидери на целосна имплементација на Пржинскиот догов










