Седум и пол милиони евра е буџетот со кој ДИК ќе ги реализира изборните активности. Членовите на Комисијата го усвоија финансискиот план за распределба на средства за предвремените парламентарни избори.
-
Македонија 20.04.2016 10:20
-
Македонија 20.04.2016 08:25
Сообраќајот без забрани, пренасочување кај Војшанци
Сообраќајот на патиштата низ држвата се одвива без забрани по суви коловози.
Единствено на регионалниот пат Р-2137 пред населеното место Војшанци поради деформации на мостот, сообраќајот се пренасочува преку мост на реката Вардар.
-
Македонија 19.04.2016 17:16
Екстерните испити од државната матура ќе се полагаат од 4-ти до 15-ти јуни
Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар попладнево ги соопштија датумите за екстерните испити од полагањето државна матура во јунскиот рок за учебната 2015/2016 година.
-
Македонија 19.04.2016 16:22
Благодарение на Македонија, запрен напливот на мигранти кон европските дестинации
Првите резултати во справувањето со илегалната миграција се постигнати. По еден месец од ефектуирањето на договорот Брисел- Анкара и затворањето на Западно-балканската рута на чиј бедем се најде Македонија, запрен е напливот на мигранти кон европските дестинации.
-
Македонија 19.04.2016 16:05
Единаесет доктори на специјализација во Белград и во Загреб
Десет лекари ќе заминат на специјализација во Белград, а еден во Загреб- велат од Министерството за здравство. Лекарите ќе се усовршуваат во седум области, за кои има недостиг од кадар во болниците. Една од оние кои ќе заминат е и доктор Самарџиоска, која работи во прилепската болница.
-
Македонија 19.04.2016 15:33
Метео: Засилен ветер и пониски температури
Од утре во Македонија се очекува значителна промена на времето, со засилен северен ветер кој на моменти ќе надминува брзина од 80 километри на час и пониски температури за околу 10 степени во однос на денешните.
-
Македонија 19.04.2016 15:20
Обвинителен акт против осум лица осомничени за логистика на вооружената група во „Диво Насеље“
Криеле терористи, ги хранеле и снабдувале со оружје – ова е наведено во обвинителниот акт за осуммината осомничени соработници на групата која лани, на 9 и 10 мај, во кумановската населба „Тоде Мендол“, усмрти осуммина припадници на полициската специјална единица.
-
Македонија 19.04.2016 15:11
Околу 2.000 осуденици бараат намалување на казните
Околу 2.000 затвореници бараат претседателот Иванов да им ги намали казните за 30 до 50 проценти. Осудениците на доживотен затвор пак, бараат намалување на 15 до 20 години, велат нивните ополномоштени адвокати Давидовиќ и Јанковиќ.
-
Македонија 19.04.2016 15:06
Јункер: Не ми се допаѓаат настаните кои се случуваат на границата меѓу Македонија и Грција
Советот на Европа, денес стана конкретно она што е – Европска престолнина, во која за неколку часа пред Парламентарното собрание на Советот на Европа се појавија премиерот на Турција, Ахмет Давотоглу, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, кои притоа имаа и меѓусебни средби на кои
-
Македонија 19.04.2016 15:04
Водата во фонтаната на плоштадот во Скопје обоена во црвено
Водата во фонтаната „Воин на коњ“ на Плоштадот Македонија е обоена во црвено. Активисти кои биле дел од вчерашните протести фрлиле боја, со цел, како што велат на социјалните мрежи, да потсетеле на жртвите на режимот.










