Македонија има клучна улога во обезбедувањето на границите на земјите од таканаречената балканска рута, вели австрискиот министер за одбрана Доскоцил кој е во официјална посета на земјава
-
Македонија 07.04.2016 12:54
-
Македонија 07.04.2016 12:22
Повредени полицајци во тепачка на навивачи на Шкендија и Силекс
На стадионот „Чаир“ во Скопје вчера околу 17.30 часот додека траел фудбалскиот натпревар меѓу екипите на ФК Шкендија и ФК Силекс, дошло до нарушување на јавниот ред и мир во поголем обем со меѓусебна тепачка и насилство од страна на групите навивачи „Балисти“ и „Шверцери“.
-
Македонија 07.04.2016 12:04
Собранието се распушти, СДСМ нема да учествува на избори
Ефектуирана одлуката од 23-ти февруари. Собранието синоќа еден час пред полноќ се распушти, изборите треба да се одржат на 5 јуни. Спикерот Вељаноски им се заблагодари на пратениците за соработката и им посака успех на личен и на професионален план.
-
Македонија 07.04.2016 11:09
Ново рочиште за „Дива населба“
Продолжува судскиот процес против 29 лица обвинети за настаните во кумановската „Дива населба“ во мај минатата година. Обвинителството повика околу 40 заштитени сведоци. Досега сведочеа само неколкумина од нив, а претходно сведоци беа и неколку жители на „Дива населба“.
-
Македонија 07.04.2016 11:01
Средба на претседателот Иванов со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I
За време на работната посета на Република Турција, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов оствари средба со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I. Двајцата соговорници разменија мислења за повеќе актуелни теми од взаемен интерес, соопштуваат од кабинетот на претседателот.
-
Македонија 07.04.2016 10:57
Двочасовен прекин на сообраќајот на патот Кичево- Охрид
Денеска од 13 до 15 часот ќе биде во прекин патниот правец Кичево - Охрид меѓу Пресека и село Врбјани, соопшти Авто- мото сојузот на Македонија.
Причина за прекинот е изведувањето работи на патот, односно минирање поради изградба на новата траса.
-
Македонија 07.04.2016 10:30
Министерот за одбрана на Австрија во посета на Македонија
Сојузниот министер за одбрана и спорт на Австрија, Ханс Петер Доскоцил е во посета на Република Македонија.
Церемонијата на свечениот пречек се одржа во Министерството за одбрана, по што министрите за одбрана Зоран Јолевски и Петер Доскоцил имаат тет-а-тет средба.
-
Македонија 07.04.2016 10:19
Вељаноски: Заврши мандатот на овој парламентарен состав
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски еден час пред полноќ го распушти парламентот. Пратениците на СДСМ не учествуваа на продолжението на последната собраниска седница.
-
Македонија 07.04.2016 10:16
Заев: СДСМ нема да учествува на изборите
СДСМ нема да учествува на предвремените избори закажани за 5-ти јуни. Претседателот на СДСМ, Заев вели дека не биле исполнети условите предвидени со договорот од Пржино.
-
Македонија 07.04.2016 10:14
Столтенберг: Без решение на името, нема членство во НАТО
Борбата против насилниот екстремизам и безбедноста на Европа, ќе бидат главни теми на престојниот самит на НАТО во Варшава, најави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг во Вашингтон.










