Денеска од 13 до 15 часот ќе биде во прекин патниот правец Кичево - Охрид меѓу Пресека и село Врбјани, соопшти Авто- мото сојузот на Македонија.
Причина за прекинот е изведувањето работи на патот, односно минирање поради изградба на новата траса.
Денеска од 13 до 15 часот ќе биде во прекин патниот правец Кичево - Охрид меѓу Пресека и село Врбјани, соопшти Авто- мото сојузот на Македонија.
Причина за прекинот е изведувањето работи на патот, односно минирање поради изградба на новата траса.
Сојузниот министер за одбрана и спорт на Австрија, Ханс Петер Доскоцил е во посета на Република Македонија.
Церемонијата на свечениот пречек се одржа во Министерството за одбрана, по што министрите за одбрана Зоран Јолевски и Петер Доскоцил имаат тет-а-тет средба.
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски еден час пред полноќ го распушти парламентот. Пратениците на СДСМ не учествуваа на продолжението на последната собраниска седница.
СДСМ нема да учествува на предвремените избори закажани за 5-ти јуни. Претседателот на СДСМ, Заев вели дека не биле исполнети условите предвидени со договорот од Пржино.
Борбата против насилниот екстремизам и безбедноста на Европа, ќе бидат главни теми на престојниот самит на НАТО во Варшава, најави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг во Вашингтон.
Предвидувањата на глобално ниво се дека жетвата на пченицата ќе биде подобра од минатата година или во најлош случај, слична како лани.
Сончевото и топло време во Македонија продолжува и утре со умерен повремено засилен југоисточен ветер.
Во попладневните часови се очекува постепено зголемување на облачноста.
Повторно одложено рочиштето за случајот „Маѓар Телеком“. Иако на претходното, судот реши на осомничените да им се суди во отсуство, на денешното се појави адвокатот Ненад Јаниќевиќ, кој добил полномошно од првообвинетиот Атила Сендреи да го застапува.
1.129 починати избирачи треба да се избришат од гласачкиот список. Ова е единствената фиксна бројка со која излезе ДИК по вкрстените теренски и административни проверки. Се чека одговор од институциите за дополнителните проверки коишто не се завршени.
Јанкулоска вели дека не се чувствува виновна во однос на обвинувањата што и ги става на товар Специјалното јавно обвинителство за предметите „Титаник“ и за „Тврдина“.