Со мнозинство гласови, Собранието ги избра новите 8-мина министри и 4-ца заменици предложени од Демократската унија за интеграција. Во образложението, премиерот задолжен за спроведување на изборите Емил Димитриев рече дека поради кусиот период, целисходно е да се прифатат предложените министри.
-
Македонија 05.04.2016 16:28
-
Македонија 05.04.2016 16:11
Девет нови изданија преведени на шест странски јазици
Промовирани последните девет книги од проектот „Превод на антологии на македонската книжевност на шест странски јазици“. Светот ќе чита македонска поезија, романи, раскази, драми и есеи.
-
Македонија 05.04.2016 15:58
Се зголемува бројот на заболени од дијабетес
Зголемената телесна тежина и дебелината се ризик фактори за појава на дијабетесот. Компликациите можат да се спречат со редовна физичка активност, правилен начин на исхрана и соодветна терапија – велат лекарите.
-
Македонија 05.04.2016 15:03
Избрани новите министри и заменици од ДУИ
Собранието на Република Македонија ги избра новите министри и заменици - министри во Владата, предложени од Демократската унија за интеграција. Против гласаа пратениците од СДСМ. По завршувањето на гласањето, новите членови на Владата дадоа свечени изјави.
-
Македонија 05.04.2016 14:09
Димитриев- Даниелсон: Фер, кредибилни и демократски избори на 5-ти јуни
Првиот човек на Директоратот за проширување на Европската Унија, Кристијан Даниелсон, попладнево се сретна и со претседателот на владата за спроведување на изборите, Емил Димитриев. Главна тема: европските интеграции, реформите, политичката ситуација.
-
Македонија 05.04.2016 13:58
Општина Ресен ќе го модернизира системот на улично осветлување
Преку моделот на јавно- приватно партнерство општина Ресен ќе го модернизира и надгради системот на улично осветлување. Договорот вреден милион и 250 илјади евра со турска компанија обезбедува заштеди од 60 проценти на сметките за потрошена електрична енергија во наредните 15 години.
-
Македонија 05.04.2016 13:56
Метео: Продолжува сончевото и топло време, од петок пониски температури
Утре во Македонија се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност.
Во попладневните часови ќе има мала веројатност за слаб локален дожд во северозападните делови од земјата.
Четврток ќе ни донесе повеќе ветер, а петок локални врнежи со пониски температури.
-
Македонија 05.04.2016 13:53
Почна собраниската седница за избор на новите министри и заменици од ДУИ
Собранието на Република Македонија попладенво ја почна 100-тата седница на која треба да бидат избрани новите министри и заменици министри предложени од ДУИ.
-
Македонија 05.04.2016 11:08
Министерот Попоски на панел-дискусија за мигрантската криза во Лондон
Министерот за надворешни работи Никола Попоски учествувaше на панел-дискусијата на тема „Дали Европа има потреба од нов пристап кон миграцијата“, што се одржа во Лондон, во организација на Кралскиот институт за меѓународни односи „Чатам Хаус“.
-
Македонија 05.04.2016 10:56
Соработка помеѓу Советот за унапредување и надзор на ревизијата на РМ и Комитетот за јавен надзор на ревизијата на Хрватска
Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија успешно ја проширува својата меѓународна соработка со уште една земја членка на Европската Унија.










