Четиринаесет лица, од кои 10 деца и 4 возрасни се повредени откако минибус „Форд турнео“, излетал од патот околу 12 часот и 40 минути, во близина на гостиварското село Падалиште, во непосредна близина на мостот, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
-
Македонија 11.04.2016 15:48
-
Македонија 11.04.2016 15:19
Спасовски посети еден од повредените полицајци
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, посети еден од полицајците кои беа повредени во вчерашните немири со мигрантите на јужната граница.
На полицаецот, хоспитализиран во Ургентниот центар, Спасовски му посакал брзо закрепнување и му честитал за храброста.
-
Македонија 11.04.2016 15:04
Метео: Утре сончево, стабилно и потопло време
Утре во Македонија ќе преовладува сончево стабилно и потопло време со умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.
Дневните температури ќе бидат повисоки од денешните, а масималната ќе достигне до 27 степени.
-
Македонија 11.04.2016 14:11
Павлопулос пак се закани: Нема ЕУ и НАТО поради заштитата на границата
Грчките власти и медиуми последното деноноќие оркестрирано ги демонизираат македонските безбедносни сили, јавува дописникот на МРТ од Атина.
-
Македонија 11.04.2016 14:03
Откриени 20 авганистанци во возило кај Кавадарци
На патниот правец Кавадарци-Мушов Гроб, вчера околу 7 часот, во патничко моторно возило „форд галакси“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Р.И. (22) од скопското село Батинци, полициски службеници откриле 20 илегални мигранти од Авганистан.
-
Македонија 11.04.2016 13:32
ЕК: Мигрантите од Идомени да се префрлат во бегалските центри низ Грција
Европската комисија со повик- мигрантите од грчката страна на границата да се преместат во кaмповите низ земјата и да не им се даваат неточни информации.
-
Македонија 11.04.2016 13:18
Електронските услуги на ФЗОМ ги искористиле 6.753 осигуреници
Електронските услуги на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) досега ги искористиле 6.753 осигуреници, овластени лица и здравствени работници, кои поднеле барање од своите домови или работни места по електронски пат за остварување на одредено право.
-
Македонија 11.04.2016 12:59
НВО активисти- организатори на насилните инциденти на мигрантите
Инцидентот со мигрантите кај Сехово бил поттикнат од невладини активисти. Организирани масовни и координирани обиди за илегален премин на границата, соопштуваат од македонското МНР.
-
Македонија 11.04.2016 12:08
МНР: Инцидентот со мигрантите кај Идомени поттикнат од НВО активисти
Организираните масовни и координирани обиди за илегален премин на границата, што се случија вчера, според многу аспекти, вклучувајќи ја и вмешаноста на активисти на невладини организации, имаат карактеристики и наликуваат на сличниот инцидент за масовно илегално преминување на границата од 14 мар
-
Македонија 11.04.2016 10:46
ДИК на седница ќе го разгледува извештајот за прогресот во Избирачкиот список
Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе одржи седница на која ќе го разгледа Извештајот за прогресот од вкрстените, теренските и административните проверки заради ажурирање на Избирачкиот список, заклучно со денешниот датум.










