Заменик помошникот државен секретар во американскиот Стејт Департмент Брајан Хојт Ји денеска ќе престојува во посета на Република Македонија.
-
Македонија 03.03.2016 08:12
-
Македонија 02.03.2016 17:19
Груевски и Јакимовски разговараа за проектите во Карпош
Општината Карпош ќе биде првата во градот Скопје која ќе почне со гасификација. Градоначалникот, Стевчо Јакимовски за проектите разговараше со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Најави дека до крајот на оваа година околу 40 згради во општината Карпош ќе добијат термоизолациски фасади.
-
Македонија 02.03.2016 17:07
Доналд Туск на средба со претседателот Иванов
Постигнување на заедничко европско решение за бегалската криза, ова бил фокусот на разговорите на претседателот Иванов и неговиот гостин- претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. Состанокот започна со тет-а-тет средба на претседателот и Туск, а потоа се сретнаа и двете делегации.
-
Македонија 02.03.2016 16:44
Словачка ќе испрати засилување на јужната граница
Словачка ќе испрати ново засилување полицајци кои ќе бидат распоредени на јужната македонска граница за справување со налетите од бегалците, изјави при посетата на транзитно- прифатниот центар кај Гевгелија, словачкиот премиер Роберт Фицо.
-
Македонија 02.03.2016 16:40
Собраниска расправа за модернизација на АРМ
Во Собранието расправа за ослободување на Министерството за одбрана од плаќање царински давачки и даноци за оружје и воена опрема, ослободување од ДДВ за прометот на станови и станбени згради со примена на повластена даночна стапка, во контекст на проектот „АРМ мој дом“.
-
Македонија 02.03.2016 16:18
Фатени крадци од Романија кои оперирале во Македонија
Крадците кои вчера попладне ја ограбија златарата „Голд“ во Охрид, при што незаконски присвоија златен накит вреден сто илјади денари, синоќа околу 20 часот се приведени на граничниот премин „Табановце“.
-
Македонија 02.03.2016 16:11
Рурален доктор: За две години 160 илјади прегледи
Селата Требовје и Волче се наоѓаат на 50 километри од Македонски Брод и се најдалечните места каде што тимовите од проктот „Рурален доктор“ обезбедиле здравствени услуги. Најстариот жител што го прегледале има 97 години, здравствената состојба му е добра.
-
Македонија 02.03.2016 15:57
Метео: Утре врнежливо време
Утрешниот ден во Македонија ќе донесе нови врнежи од дожд особено попладне.
На места врнежите ќе бидат пообилни, локално се очекува да наврне над 20 литри на метар квадратен.
Кон крајот на денот на планините во западните делови врнежите ќе преминуваат во снег.
-
Македонија 02.03.2016 15:18
Случај „Диво насеље“: Казни за адвокатите кои ја напуштија судницата
Адвокатот Насер Рауфи, бранител на обвинетитете во „Диво насеље“ пред судот се пожали дека салата е претесна и на рочиштето не може да присуствуваат роднините на обвинетите. Наведе дека судот е должен да обзбеди услови за непречено одвивање на сослушувањето.
-
Македонија 02.03.2016 15:06
Коѕиас: Австрија и Унгарија ја искористуваат Македонија
Австрија и Унгарија ја искористуваат Македонија кога станува збор за бегалскиот проблем, изјави шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас во интервју за грчката телевизија „Скај“.










