Во изминатите 24 часа МВР издаде потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 2.455 странски државјани, од кои 918 од машки и 554 од женски пол, како и на 981 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и две деца кои патувале без родител.
-
Македонија 10.02.2016 10:58
-
Македонија 10.02.2016 10:28
Продажба на земјоделско земјиште за изградба на расадници
На огласот можат да се јават домашни и странски физички и правни лица.
Во бизнис планот понудувачите треба да предвидат изградба на оражерија за производство на сертифициран саден материјал за градинарски култури со производство од најмалку 20 милиони садници годишно.
-
Македонија 10.02.2016 10:26
Меџитлија затворена за сообраќај до 23 часот
Граничниот премин Меџитлија денеска повторно ќе биде затворен за сообраќај поради штрајк на грчките земјоделци.
Авто мото сојузот на Македонија информира дека сообраќајот на овој граничен премин ќе биде во прекин од 13 до 23 часот.
-
Македонија 10.02.2016 10:23
Таксистите и приватните автобуски превозници од Гевгелија ќе го блокираат ГП „Богородица“
Граничниот премин „Богородица“ од 10 до 12 часот ќе биде затворен за сообраќај во двете насоки поради протестот на таксистите и приватните автобуски превозници од Гевгелија.
-
Македонија 10.02.2016 10:17
Чешкиот министер за надворешни работи во посета на Македонија
Чешкиот министер за надворешни работи Лубомир Заоралек е во работна посета на Македонија, при што се сретна и разговараше со шефот на дипломатијата, Никола Попоски.
-
Македонија 09.02.2016 17:29
Јужна граница: Подготвеност за справување со илегалните премини
Припадниците на АРМ го поставуваат заштитниот жичaн обрач покрај постоjната ограда долж јужната граница – 35 километри лево и десно од каменот 59. Ги посети претседателот Иванов. Се информираше за состојбите со бегалците. Направи увид на терен.
-
Македонија 09.02.2016 17:05
Почна судскиот процес за кумановските настани
Не негираат дека биле во кумановската „Дива населба“, но одбиваат да им се суди за тероризам. Тоа е тежок збор и бараме да ни се објасни прецизно. Ова беше дел од воведот на некои од обвинетите за тероризмот во Куманово. Сепак, сите 29-мина тврдат дека не се виновни.
-
Македонија 09.02.2016 16:08
Случај Тамара: Да им се помогне на децата со слична дијагноза
11- годишната Ханита има искривување на пршлените- иста дијагноза како починатата Тамара. Досега четири пати била оперирана во Анкара, но, на своја сметка. Следната операција чини 20 илјади евра. Таткото на Ханита вели финансиски веќе се немоќни.
-
Македонија 09.02.2016 15:52
Прилепчанец една година го чувал мртвото тело на својата сестра
Повеќе од една година 50 годишниот прилепчанец Јане Наумоски го чувал дома мртвото и мумифицирано тело на својата сестра, 49 годишната Милка Наумоска. По непријатната миризба што се ширела, вчера попладнето соседите пријавиле в полиција. Лекарите биле затекнати од глетката.
-
Македонија 09.02.2016 15:44
Австрија е подготвена да им помогне на Македонија и Србија во редуцирање на мигрантскиот бран
Австрија и земјите од Западен Балкан заеднички ќе работат за намалување на приливот на мигрантите- констатираа на средбата во Белград министерот Себастијан Курц и премиерот Александар Вучиќ.










