До утре работните групи треба да ги затворат сите прашања поврзани со изборната регулатива. Некои сегменти се речиси при крај, како составот на Државната изборна комисија и нејзините овластувања. Според партиски информации, засега се чини дека е затворено прашањето за составот на ДИК.
-
Македонија 05.10.2015 10:54
-
Македонија 05.10.2015 10:48
Нов обид за рочиште за случајот „Пуч“
Во скопскиот Кривичен суд нов обид за рочиште за случајот „Пуч“. На обвинителната клупа треба да седне 4-то обвинетиот Зоран Заев. Претходното судењето два пати беше одложувано поради отсуството на Заев.
-
Македонија 05.10.2015 10:39
Парламентарна делегација на Чешка во посета на Македонија
Парламентарна делегација на Чешката Република престојува во работна посета на Македонија.
Во Собранието чешките парламентарци ќе имаат средба со потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски.
Теми на разговорот се јакнење на соработката на парламентите на двете држави.
-
Македонија 05.10.2015 10:35
На „Ало докторе“ досега 55.313 повици
На телефонската линија 02/15 123 за медицински совет „Ало докторе“ изминатата недела се регистрирани 1.280 повици. Од воведувањето на линијата во септември минатата година досега имало 55.313 повици, соопшти Здравствен дом Скопје.
-
Македонија 05.10.2015 10:17
Повеќе од половина од винското грозје е откупено
Од очекуваните 150 до 180 милиони килограми винско грозје досега се откупени скоро 60 проценти од родот.
Според Државниот инспекторат за земјоделство, откупот се врши на вкупно 94 пунктови, а исплатата е согласно законот и шеќерните единици.
-
Македонија 05.10.2015 10:14
Почна исплатата на зголемените пензии
Почна исплатата на зголемената септемвриска пензија. Околу 300 илјади пензионери ќе добијат повисоки пензии за 621 денар. Со ова зголемување, просечната пензија во земјава ќе изнесува 13 илјади и 85 денари денари, што споредбено со 2006-та година зголемување за над 73 проценти.
-
Македонија 05.10.2015 09:43
Собранието треба да ја продолжи 67-та седница
Ново продолжение на 67-та собраниска седница. Пратениците треба да дебатираа по предлог- законот за извршување на Буџетот за 2016-та, по скратена постапка.
-
Македонија 02.10.2015 13:19
2.000 пациенти во земјава живеат со стома
Околу 2 илјади пацинети во Македонија живеат со стома, вештачки отвор кој хирушки се прави, доколку пациент има проблеми со нарушување или потполно запирање на функцијата на дел од цревата или на уринарниот тракт.
-
Македонија 02.10.2015 13:14
Почитување на роковите за договореното од Пржино
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, повика на принципиелно договарање со аргументи, за да се најде решение за изборното законодавство, за реформите во медиумите и за правосудството.
-
Македонија 02.10.2015 12:46
Момче почина по пад од студентскиот дом „Кузман Јосифовски“
Дваесетгодишен студент од Прилеп паднал од четвртиот кат од студенскиот дом „Кузман Јосифовски“ во центарот на Скопје.
Повредениот Д.Р. е пренесен во Ургентниот центар каде вчера во 18 часот и 30 минути им подлегнал на повредите.










