Вo акциска контрола на тимови од полициски службеници и инспектори на УЈП, затворени осум диви обложувалници во Струга, Кичево и Дебар.
-
Македонија 02.10.2015 12:24
-
Македонија 02.10.2015 12:00
МВР: За 24 часа издадени 2.473 потврди за азил
Во последните 24 часи издадени се потврди на вкупно 2.473 странски државјани, од кои, 1.526 се од машки пол, 363 се од женски, 507 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 77 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на бара
-
Македонија 02.10.2015 11:29
Патарината Петровец утре нема да наплаќа
Наплатната станица Петровец утре од 5 до 18 часот ќе биде затворена поради снимањето на филмот „А фонд“ на француската продукциска куќа „Чик филмс“, но во тој период ќе нема прекин во сообраќајот на автопатот.
-
Македонија 02.10.2015 10:51
Јолевски во посета на Националната гарда на Вермонт
Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, во текот на денешниот ден ќе оствари посета на Националната гарда на Вермонт и на Универзитетот Норвич. -
Македонија 02.10.2015 10:24
Премиерот Груевски ќе се обрати на 70-тото заседание на Генералното собрание на ОН
Премиерот Никола Груевски денеска попладне ќе се обрати на 70-тото заседание на Генералното собрание на Обединетите нации.
-
Македонија 02.10.2015 10:03
Просечната откупна цена на пченицата - 10,3 денари за килограм
Поради помалите приноси од 2,6 наместо 3 тони по хектар и помалку насеаните површини, земјоделците годинава поголемиот дел од пченицата ја чуваат за сопствени потреби.
На пазарот се нудат мали количества со просечната откупна цена од 10,3 денари за килограм.
-
Македонија 01.10.2015 17:20
Готов е проектот за обнова на Трескавец, идната недела постапка за тендер
Готов е целиот проект за Трескавец. Приелепскиот музеј ќе ја почне постапката за тендер за побрза обнова на опожарените манастирски конаци.
-
Македонија 01.10.2015 17:16
Превенција и намалување на судирот на интереси
Државната програма за периодот од 2016-та до 2019-та е стратешки документ со кој Република Македонија ќе ги следи антикорупциските стандарди на Европската Унија.
-
Македонија 01.10.2015 16:27
Учениците од „Арсени Јовков“ на домашно лекување, полицијата го истражува случајот
Иритација на очите и грлото, без посериозни компликации, предизвикала распрсканата материја во холот на економското училиште „Арсени Јовков“. Сите ученици и професори кои беа хоспитализирани на Токсикологија и во Градската болница се пуштени на домашно лекување.
-
Македонија 01.10.2015 15:45
Метео: Сончево и потопло време
Утре и во текот на викендот Македонија ќе биде под влијание на топла воздушна маса која што ќе ни донесе сончево и потопло време со мала облачност и повисоки дневни температури кои во недела на места ќе бидат близу триесетиот степен.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска










